Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и Претседателот на Владата Димитар Ковачевски пред салата „Партизан” во Карпош го официјализираа воведот во градежните активности за реконструкцијата на овој спортски објект.

Спортската сала Партизан, повторно ќе биде подготвена да се исполни со спортисти, публика и натпревари!

-Чест ни е што денеска сите заедно сведочиме на воскреснување на еден многу значаен објект во македонскиот спорт, кој еднаш застана на нозе после земјотресот со финаниска помош на француската влада.

Култната сала „Партизан“, заслужува да блесне, да го добие потребното внимание, а карпошани и сите скопјани да си ја вратат и својата гордост, но и среќата дека овде ќе се одиграат уште многу натпревари во кои сите ќе уживаме, истакна Мојсовски.

Партизан е повторно со нас, и со нетрпение ги очекуваме првите спортски активности кои ќе го збогатат спортскиот живот во Карпош, но и од  другите скопски населби, кога како некогаш се собираа токму тука да спортуваат!