Покрај информативна улога за успесите и поразите, спортското новинарство е нужно за критичка опсервација преку која ќе се детектираат сите недостатоци во спортскиот свет, надлежните институции, федерации, клубови и останатите спортски работници.

Денеска директорот на Агенција за млади и спорт  Наумче Мојсовски учествуваше  на дебата под наслов “Спортското новинарство во слободен пат”, на којашто сите  учесници заклучивме дека тоа не смее да се случи.

Спортското новинарство е еден од најсилните партнери и пријатели на македонскиот спорт.

Агенција за млади и спорт дава целосна поддршка на спортските новинари, клучни учесници во унапредувањето на спортот во нашата држава.