Денеска дирекоторот на АМС Наумче Мојсовски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ, потпиша Меморандум за соработка во интерес на спортот и младите од двете земји. 

Носители на содржината на Меморандумот министерството за граѓански работи на Босна и Херцеговина и Агенција за млади и спорт . 

Оваа соработка доаѓа по одржувањето на балканските школски спортски игри кои се одржаа во Охрид, организирано од АМС и македонскиот Сојузот на средношколци. 

Двете земји имаат мотивација за соработка, како и потенцијал за унапредување на соработката во интерес на младите и спортот, преку размена на информации, летни кампови и натпревари.