Заменик директорот на Агенција за млади и спорт Амир Билали, на денот на Европската Унија, 9 мај, одржа работна средба во албанското претседателство со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета.


Меѓудругото, на средбата со г. Мета, беше разговарано за соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Претседателот Мета беше информиран за системот на ваучери што се спроведува за поддршка на федерациите, спортските клубови и спортистите во Македонија, како и за проектите и работата што ги спроведува од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Претседателот Илир Мета, доби симболичен подарок од страна на заменик директорот на АМС, г. Билали, за досегашната соработка со Република Албанија. Исто така, беше истакнато важноста на мирот меѓу народите за европскиот соживот и важноста на спортот и придонесот на младите луѓе за мирот и стабилноста во регионот.