Свечената сала на МНТ беше местото каде вчеравечер беа прогласени најдобрите спортисти во девет категории.

Ива Младеновска е прогласена за најдобра млада спортистка, а во машка конкуренција за најдобар млад спортист беше избран каратистот Столе Смилковски.

Женската кадетска ракометна  и машката сениорска фудбалска репрезентација беа прогласени за најдобри национални тимови.

Најдобар спортист со телесен инвалидитет е Андреј Стојановски, а најдобар тренер-селектор Борче Костовски.

За најдобар спортист е прогласен таеквондистот Дејан Георгиевски кој доснесе сребро тешко како злато на ОИ во Токио!

Најдобра спортистка за 2021 е Мери Акиевска, која освои четири медали на СП во бодибилдинг!

Таеквондо федерацијата е најдобра во изминатава 2021 година.

Честитки до сите спортисти кои вчера беа избрани во најдобрите, но и до сите кои покажаа дека спортот живее и во време на глобална пандемија, македонскиот спорт нижи успеси и одлични резултати!

Агенција за млади и спорт останува поддржувач на сите спортисти, како најдобри амбасадори на нашата држава!