Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Сектор за финансиски прашања

вклучено . Објавено во За агенцијата

 

Раководител на одделение за буџетска координација:
Милојка Стевановска Аврамовска
телефон: 3119-628 л.109
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Сектор за финансиски прашања во својот делокруг на работа ги опфаќа следните активности:

1. Ги координира и организира активностите од областа на финансиско-материјалното работење кои претставуваат системска поддршка за реализација на активностите на останатите организациони облици (сектори и одделенија) во Агенцијата,
2. Финансиско-материјалното работење ги опфаќа следните активности: донесување и реализација на финансискиот план на Агенцијата, имплементирањето на системот на финансиско управување и контрола што опфаќа приемот, изработка, евидентирањето и следењето на финансиски документи согласно постојните законски прописи, контролата и сметководственото евидентирање на финансиското и материјалното работење,
3. Давањето на стручна помош за активности поврзани со материјалното и финансиското работење,
4. Изработката на планот за јавни набавки на стоки, услуги и работи и активностите во делот на реализацијата на јавните набавки кои се извршуваат во согласност со со Законот за јавни набавки.

(1) Одделение за буџетска координација, во делокругот на работата ги опфаќа следните активности и работи:
1. предлага работни процедури за одделението и по нивното донесување се грижи за нивното спроведување.
2. изготвува предметен план за работа на одделението.
3. предлага финансиски план за работа на одделението.
4. изготвува план за материјално-техничко опремување на одделението.
5. ја следи законската регулатива од оваа област.
6. предлага програма за стручно усовршување на вработените во одделението.
7. врши подготовка, изменување и дополнување на буџетот на АМС.
8. го следи извршувањето на буџетот и изготвува информации и извештаи за неговото извршување.
9. изработува годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на Агенцијата.
10. изработува план за воспоставување на финансиското управување и контрола.
11.изготвува известување за доспеаните а неподмирени обврскиВоспоставува/укинува ex ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола.
12. врши подготовка на извештаите за реализирани програми, проекти и договори.
13. врши подготовка на извештаите за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола.
14. изготвува Годишниот финансиски извештај за внатрешната финансиска контрола.

(2) Одделение за буџетска контрола
1. врши контрола на финансиското и материјалното работење
2. предлага работни процедури за одделението и по нивното официјализирање се грижи за нивно спроведување.
3. изготвува предметен план за работа на одделението.
4. предлага финансиски план за работа на одделението.
5. изготвува план за материјално-техничко опремување на одделението.
6. предлага програма за стручно усовршување на вработените во одделението.
7. изработува записници и извештаи за извршените контроли.
8. врши проценки на ризик на процесите на финансиското управување и контрола.
9. врши ex ante буџетска контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето
10. изготвува информации и извештаи за движењето на платите за вработените во Агенцијата.
11. врши контрола на исплатна документација за плаќања во готово и врши готовински исплати во денари и странски валути.

(3) Одделение за сметководство и плаќања
1. врши работи од областа сметководствената евиденција, платниот промет
2. врши готовински исплати и пресметка на плати и ја следи законската регулатива од оваа област
3. изготвува предметен план за работа на одделението.
4. предлага финансиски план за работа на одделението.
5. изготвува план за материјално-техничко опремување на одделението.
6. предлага програма за стручно усовршување на вработените во одделението
7. врши сметководствено евидентирање на извршување на буџетот/финансискиот план.
8. врши ex ante контрола на веродостојноста на севкупната сметководствена документација.
9. врши сметководствено евидентирање на стасаните обврски.
10. сочинува исплатна документација и ја доставува на плаќање.
11. сочинува извештај за планирани и потрошени средства по потпрограми,ставки и потставки.
12. води сметководство на основните средства и материјалите.
13. изготвува завршна годишната сметка.
14. врши пресметка и исплата на платите на вработените.
15. врши контирање и книжење на севкупната сметководствена документација

(4) Oдделение за јавни набавки
1. врши работи од јавните набавки и ја следи законската регулатива од областа на јавните набавки.
2. ја следи реализацијата на договорите за јавна набавка.
3. дава инструкции и совети на комисијата за јавни набавки.
4. предлага работни процедури за одделението и по нивното официјализирање одговорно е за нивно спроведување.
5. изготвува предметен план за работа на одделението.
6. предлага финансиски план за работа на одделението.
7. изготвува план за материјално-техничко опремување на одделението.
8. предлага програма за стручно усовршување на вработените во одделението.
9. изработува годишен план за јавни набавки.
10. го следи извршување на планот за јавни набавки.“

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија