Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Директор

вклучено . Објавено во За агенцијата

м-р Марјан Спасески – Директор на Агенција за млади и спорт

Роден е на 3 април 1985 година во Скопје, каде завршил основно и средно медицинско училиште. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за одбранбени и мировни студии со просек 9,60. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на Институтот за кривично право и криминологија со просек 10,00.

Професионално искуство:

По дипломирањето работел како проектен координатор во Невладиниот сектор, а од 2009 година работел во Општина Кисела Вода, во Секторот за поддршка на Градоначалникот. Од јануари 2014 година е назначен за Директор на Агенцијата за млади и спорт.

Дополнително образование/учество на семинари, конференции, обуки:

Учесник на обука: Односи со јавност и протоколарни средби (Еуроконсалт - Париз, Франција) (2012)
Учесник на обука: Процес на одлучување и ефективни техники за донесување одлуки (Сандански, Р. Бугарија) (2012)
Учесник на курс: Запознавање со политиките на ЕУ и ИПА инструментот, СЕП (2012)
Учесник на обука: Организациска култура преку ПР-техники (Сандански, Р. Бугарија) (2012)
Учесник на обука: Подготовка на ИПА апликации, ИПА тренинг центар, Секертаријат за европски прашања (2012)
Учесник на обука: Подготовка на ИПА апликации, ИПА тренинг центар, Секертаријат за европски прашања (2011)
Учесник на обука: зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите, организирана од Институт за демократија (2011)
Учесник на обука: Комуникациски вештини и правила на кореспонденција, организирана од ЗЕЛС (2010)
Учесник на обука: Односи со јавност-дефинирање, модели и оргснизирање на ПР-служба, организирана од ЗЕЛС (2010)
учесник на семинар: Улогата на секторот за продажба во вашата компанија, со предавач Мајкл Барнс, експерт за продажба, Скопје (2010)
учесник на обука за оперативен менаџмент организирана од USAID. (2009)
учесник на работилница “Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ”, организирана од UNDP и Министерството за локална самоуправа, Скопје (2009)
учесник на меѓународна конференција: ,,Globalization, Peace and Security‘‘, ИОМС, Филозофски факултет-Скопје (2007)
учесник на меѓународна работилница: ,, Security sector reforms in Macedonia as a post-conflict society”, Охрид (2007)
учесник во меѓународна вежба за помош во катастрофи и хуманитарна помош: ,,Светлина ‘07”, Криволак (2007)
учесник на курс по јавен менаџмент (ИСУМ) (2007)
учесник на меѓународна конференција на Интеруниверзитетскиот Центар за постдипломски студии, Дубровник, Хрватска (2006)
учесник на Школата за евроатлански интеграции (Загреб) (2006)
учесник на научна трибина: ,,Прашањето за Косово и безбедносните импликации врз Р.М.”, Скопје (2005)
учесник на научна трибина: ,, Перспективите на Р.М. на патот кон ЕУ и НАТО”, Скопје (2004)
учесник на форум: ,,Македонија на патот кон НАТО”, Министерство за одбрана и ИОМС, Скопје (2003)
Дополнителни релевантни информации:

Носител на стипендија од Министерството за образование и наука за талентирани студенти (за средно, високо образование и постдипломските студии).

Трикратен државен првак во карате, носител на црн појас (прв дан).

Овластен дисеминатор по меѓународно хуманитарно право.

Член на републичка комисија за дисеминација (2008-2012).

Автор и коавтор на 5 прирачници за Меѓународно хуманитарно право (Издавач: Црвен Крст на Република Македонија).

Активно го владее англискиот јазик.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија