Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Спречување на насилството на спортските терени

вклучено . Објавено во Uncategorised

НАЦИОНАЛНО КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА

СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ 2014/2015 година

 

      Република Македонија ја ратификувала „Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите на спортските приредби, посебно на фудбалските натпревари“ во јули 1990 година („Службен лист на СФРЈ” бр.9/90), а како самостојна држава тоа го сторила на 30.03.1994 година, по што имала обврска да формира координативно тело.

      Во последниве неколку години Република Македонија остварила солидни резултати во борба против насилството на спортските терени, особено со донесување на закони со кои се делува на оваа негативна појава и закана за развојот на спортот.

      Министерството за внатрешни работи и националните спортски федерации (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка) во изминатите години давале сериозна поддршка во одржување на националниот и меѓународен систем на натпревари кои се одржуваа во Република Македонија, при што и се стекнале со значително искуство во однос на спречување на насилство на спортските терени.

      Во својата работа и активност Координативното тело за спречување на насилството на спортските терени особено ќе се грижи за спроведување на „Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите на спортските приредби, посебно на фудбалските натпревари“ и „Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари“ (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/04, 142/08, 135/11).

Програмски основи на Националното координативно тело

      Во 2015 година Националното кооринативно тело се определува да  делува во рамките на надлежностите утврдени во „Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите на спортските приредби, посебно на фудбалските натпревари“ активно делувајќи со Агенцијата за млади и спорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, националните спортски федерации, навивачките групи и граѓани љубители и поддржувачи на спортот во борбата за спречување на насилството во спортот.

      Во своите програмски определби ќе ги користи сите можности за делување, во рамките на надлежностите барајќи поддршка од медиумите, надлежните органи и институциите и сите љубители на спортот.

Програмски приоритети

  1. Комуникација и соработка со Постојаниот комитет при Советот на Европа за спроведување на „Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите на спортските приредби, посебно на фудбалските натпревари“;
  2. Спроведување на препораките на Постојаниот комитет, како и Финалната Резолуција од 12. Конференција на министрите за спорт во Европскиот совет, одржана на 15. во Белград, од која се испратени пораки и обврски за земјите потписнички на Конвенцијата.
  3. Во рамките на Уставните одредби превземање мерки за спроведување на одредбите од Конвенцијата.
  4. Комуницирање и соработка со националните спортски федерации, пред меѓународните натпревари, кои се организираат во Република Македонија, за заедничко превентивно делување и успешна организација на натпреварите, за спречување на насилство на спортските терени.
  5. Соработка со меѓународните институции во креирањето на постапките за идентификација и постапување со прекршителите на меѓународните спортски натпревари, што се организираат во Република Македонија.
  6. Придонесување при спроведување на „Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари“ (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/04, 142/08 и 135/11).
  7. Спроведување на Конвенцијата во сите национални спортски федерации. Со  насочување на уредување на систем на организација на безбеден национален систем на натпревари. Притоа, да се почитуваат спецификите и различноста на спортовите, актите и препораките на меѓународните спортски федерации.
  8. Поддржување на спроведување на мерки за спречување и оневозможување на насилството и недостојното однесување на гледачите, креирано од националните спортски федерации, во:
  9. - Обезбедување на адекватни средства за јавниот ред против избивање на нереди, како во непосредна близина и внатре во стадионите, така и на приодните патишта што ги користат гледачите;Остварување на тесна соработка и размена на соодветни информации помеѓу органите и телата на националните спортски федерации и полициските сили од различни места и анализа на примената на законите и мерките за спречување на насилството на спортските терени, во насока на осовременување и постојана контрола на законските решенија.
  10. Активно учество при донесувањето на законски проекти со кои ќе се уреди градењето, користењето и управувањето на објекти за спорт, со утврдување на обврските на сопствениците на стадионите и управувачите на клубовите. - Обезбедување на архитектура, функционалност и физички карактеристики што осигуруваат безбедност на играчите, при што ќе се користат разни можности за зголемување на безбедноста на гледачите;Ефикасно одвојување на групите противнички навивачи со контролирано продавање на влезници;Исклучување или забрана на пристап на натпревари или во стадион, во мера во која тоа го овозможува законот, на познати или потенцијални прекршители или на оние лица кои се под влијание на алкохол или дрога; Опремување на спортските стадиони со ефикасен систем за информирање на гледачите, како и употреба на пропаганден и информативен материјал заради поттикнување на коректно однесување на гледачите; Забрана за внесување на алкохолни пијалоци на стадионите; Обезбедување на контрола на гледачите пред влезот на спортските стадиони, за да се оневозможи внесување на недозволени предмети и реквизити со кои се искажува насилство; Обезбедување на архитектура, функционалност и физички карактеристики што осигуруваат безбедност на играчите, при што ќе се користат разни можности за зголемување на безбедноста на гледачите;

Приоритетни активности 

      Националното координативно тело ќе реализира и утврди конкретни кампањи за делување и едукација меѓу:

  • Навивачките групи

-          Избор на најдобра навивачка група;

-          Избор на навивач лидер;

-          Избор на најдобра навивачка оригинална песна;

-          Избор на најубава навивачка маска, реквизит и сл.

  • Националните спортски федерации

-          Едукација на спортистите од највисокиот степен на натпревари за однесување и

делување во однос на спречување на насилството на спортските терени;

-          Едукација на судиите и нивното место и улога во спречување на насилството на спортските терени;

-          Едукација на тренерите и нивното однесување и делување на спортските терени и натпревари;

-          Едукација на клубовите домаќини, за организирање на обезбедување на спортските натпревари.

  • Управувачи на објектите за спорт во кои има спортски натпревари од националниот и меѓународен систем на натпревари

-          Безбедност

-          Пристап

-          Дистрибуција на пијалоци

-          Видео надзор

  • Едукација на навивачки подмладок

-          Училишен систем на натпревари и соработка со воспитно - образовните

установи, волонтери во спортот и родители на потенцијални навивачи;

-          Национални првенства во организација на Федерацијата на училишен систем на натпревари и навивачки училишни групи и

-          Избор на најдобра училишна навивачка група.

 

     Националното координативно тело ќе реализира и меѓународна размена на искуства:

-          Средба на претставници на министерствата за внатрешни работи од регионот и размена на искуства во однос на спречување на насилството на спортските терени;

-          Средба и размена на искуства за организација на регионалната ракометна лига - СЕХА - лигата , со учество на претставници од сите земји учесници;

-          Средба и размена на искуства за организација на регионалната кошаркарска лига - БИБЛ - лигата.

     Организирање на Симпозиум за борба против насилството во спортот, со учество на најповикани спортски, стручни и научни работници со цел за проектирање на активности во 2015 година.

 

Членови на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени

 

Претседател Татјана Блажевска,Агенција за млади и спорт,

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Зам.Претседател Димче Гаштарски, Сектор за Односи со јавноста, Министерство за внатрешни работи

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

1. Ракометната федерација на Македонија е претставувана од

Силвана Карбеска, координатор на домашното првенство.

е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2. Македонската кошаркарска федерација е претставувана од

Кирил Соколов.

3. Факултетот за безбедност е претставуван од доцент д-р

Саше Герасимоски.

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

4. Министерството за правда е претставувано од

Санела Хасиќ, државен советник.

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

5. Институтот по социологија е претставуван од проф. д-р

Константин Миноски.

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

6. Одбојкарска федерација на Македонија е претставувана од

Зоран Карановиќ.

7. Институтот по психологија е претставуван од

доцент д-р Ана Фрицханд

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

8. Факултетот за физичка култура и Фудбалската федерација на Македонија се претставувани од проф. Иван Анастасовски

9. Министерството за внатрешни работи е претставувано од:

Горан Ѓорѓиевски, СВР Скопје,
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сали Салија, Сектор за Полиција и криминалистички работи,

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жаклина Просароска,Сектор за Полиција и криминалистички работи,

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Зоран Додевски,Сектор за Правни работи и управување со човечки ресурси.

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија