Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Спортска Академија

вклучено . Објавено во Спортска академија

Со воведувањето на Спортската академија очекуваме да се создадат идните репрезентативци. Нашата визија со спортската академија е учениците да тренираат и да учат,односно да бидат посветени целосно на тренингот. Училишните часови се изведуваат според програма изработена од Бирото за Развој при МОН. Во програмата се предвидени општообразовни предмети и стручни предмети. Учениците-спортисти имаат предметен наставник по секој предмет кој ќе ги оценува, а за време на практичната настава и тренинг за истите се грижи стручен тим од спортски тренери. Поради голема заинтересираност на учениците и нивните родители за запишување во Спортската академија, од новата учебна 2015/2016 година Спортската Академија ќе се формира како ново државно средно училиште со отворени и дисперзирани паралелки во седум други општини низ Македонија и тоа:

1. Велес (Гимназија Коцо Рацин) - паралелки по ракомет и фудбал
2. Гостивар (СОУ Гостивар) - паралелки по ракомет и фудбал
3. Охрид (ОУТУ Ванчо Питошески) - паралелки по ракомет и фудбал
4. Штип (СОУ Коле Нехтенин) - паралелка по фудбал
5. Прилеп (СОУ Мирче Ацев) - паралелки по ракомет и фудбал
6. Струмица (СОУ Никола Карев) - паралелки по кошарка и фудбал
7. Битола (ОСЗУ Кузман Шапкарев) - паралелки по ракомет и фудбал

Условите за запишување во новото државно средно училиште ќе бидат исти како и досега. Секој кандидат ќе мора да помине низ фазата на тестирање според критериумите дадени за секој спорт одделно. Проверката за секој спорт потоа ќе ја прават членовите на спортските федерации и претставници на Министерството за образование и наука. Како и досега, соодветната федерација за секој избран ученик ќе обезбедува спортска опрема и превоз до местото на одржување на тренинзите, а за учениците кои живеат надвор од општината каде што се изведува наставата, ќе се обезбедува сместување во ученички домови. Учениците-спортисти во Спортската академија и понатаму ќе бидат дел од процесот на Државна матура и ќе може да одлучуваат дали ќе полагаат државна или училишна матура, со тоа што тие што ќе полагаат државна матура ќе може да продолжат на студии.

Освен наведените институции, свој придонес во проектот ќе дадат националните спортски федерации за фудбал, ракомет, кошарака и тенис, а ќе бидат вклучени експерти од различни области (пред се, врвни спортски тренери, лекари, психолози, нутриционисти и др.). заради создавање врвни македонски спортисти препознатливи по начинот на игра, соработката и почитувањето на олимписките вредности и идеали.

Што добиваат младите и талентирани спортисти - ученици

- Образование
Образованието на младите фудбалери, ракометари, кошаркари и тенисери ќе се состои од општообразовни предмети што ќе им овозможи стекнување знаења од областа на мајчиниот јазик, англискиот јазик, историјата, информатиката, природните и општествените науки. Преку овие предмети ќе им биде овозможено полагање на државна матура и продолжување на образованието на високо образовните институции. Исто така, тие ќе изучуваат и стручни предмети поврзани со спортот, а вештините на играта и посветеноста кон спортот ќе ги јакнат во наставен и тренажен процес водени од врвни домашни и меѓународни тренери и стручни лица.

- Тренинг
Министерството за образование и наука и Агенцијата за спорт и млади во соработка со националните спортски федерации ќе подготват план за изведување на тренажниот процес, а ќе предвидат и динамика на сите активности поврзани со спортско промовирање на младите спортисти. Тренизите ќе се изведуваат под менторство на избраните тренери во текот на неделата, а за деновите од викендите ќе тренираат и играат во своите матични клубови. За реализација на тренажниот процес ќе бидат ангажиран стручен тим составен од тренер и негов заменик (за секој спорт одделно), како и меѓународно признати тренери и стручни лица кои во текот на годината ќе бидат ангажирани повеќе пати.

Стручниот тим составен од тренер и негов заменик, како и физиотерапевт, ќе биде присутен секојдневно за време на тренинзите заедно со професорот по предметната настава.

Стручните тимови ќе бидат предложени од страна на соодветната национална спортска федерација и ќе имаат соодветно образование, лиценца или сертификат издадена од соодветната федерација или институција.

Организациски поединости

- Организација на наставата, тренизнзите и сместувањето на учениците
Наставата по општообразовните и стручните предмети ќе се изведува во Државното училиште за физичка култура, или во соодветен објект со сите стандарди за реализација на настава и тренажниот процес.
Специфичниот дел од практичната настава ќе се изведува во спортските објекти и терени за соодветните спортови со определба да се користат објектите кои ги гради Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт (за тренинзите по фудбал: фудбалските игралишта при Куќата на фудбалот во општина Аеродром, за тренинзите по кошарка и ракомет: спортската сала Македонски херои при Факултетот за физичка култура) и за тенис: на тениските терени во општина Аеродром.

За учениците кои не се од Скопје, а ќе бидат примени во некоја од овие паралелки, ќе биде обезбедено сместување и храна во ученички дом во Скопје, а за учениците од Скопје ќе биде обезбеден ручек. Исто така, согласно потребите, ќе биде обезбеден и превоз за учениците.

Стипендии
Секој ученик што ќе биде запишан во овие паралелки, ќе се стекне со спортска категорија – спортист-„Спортска надеж”, за што ќе добие и соодветен паричен надомест од страна на Агенцијата за млади и спорт со што ќе може да покрие дел од трошоците за превоз до местото на живеење (доколку ученикот не е по потекло од Скопје), здравственото осуигурување и дел од другите тековни трошоци.

Селекција на кандидатите за спортските паралелки

Учениците ќе бидат селектирани од страна на Комисија (стручни тимови) во која ќе има претставници од: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за млади и спорт и соодветните национални спортски федерации.
Стручниот тим, за секој спорт одделно, селекцијата ќе ја спроведе согласно Правилникот и календарот за селекција што ќе го донесе министерот за образование и наука, а во согласност со Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и соодветните национални спортски федерации.
Процесот на избор на кандидатите ќе се реализира низ 3 периода на селекција, при што, покрај соодветните психофизички способности, ќе бидат земени предвид и познавањето на специфичните спортски вештини за секој спорт пооделно. Првата селекција ќе се одвива во периодот од 15 – 31 март. Селекцијата ќе се врши по региони низ целата територија на Република Македонија.

Министерството за образование и наука, дополнително, преку средствата за јавно информирање, ќе го објави распоредот за реализација на процесот на селекција по општини, вклучително точните локации и тајминг.

 

Промотери на Спортската Академија

 

Индира Кастратовиќ - ракомет

Директно сум вклучена во проектот и сметам дека ваква академија е нешто што навистина ни е потребно. Мораме да знаеме дека секогаш првата година е најтешка, како во спортот, па така и во приватниот живот. Но, мора да се издржи. Првата година ќе ни покаже каде грешиме и во кој дел треба да се поправиме за се да функционира перфектно. Потоа ќе биде полесно. Но, потребно и е родителите на децата-спортисти да се запознаат подетално за академијата и нивното образование да го насочат токму во тој правец и од нив професионалците со кои ќе работат да створат врвни спортисти.

 

Пепи Манасков - ракомет

Ова е еден голем предизвик за младите ракометари кои ќе имаат шанса да се развиваат. Мислам дека имаат одлични услови во моментов, спортска сала, седум термини за тренинг во неделата што е доволно. Сама по себе академијата е нешто ново во Македонија и добро е што државата прави нешто за овие млади спортисти, а резултатите ќе се видат по кратко време. Од ракометната федерација ме назначија да бидат еден вид промотор на оваа академија.  Од време на време доаѓам да ги посетам овие млади момци, да укажам на дел од тренанжиот процес на оние елементи од ракометната игра.

 

Наумче Мојсовски - ракомет

Секаде во светот има спортски академии и добро е што на директорот на АМС конечно издејствува и кај нас да се отвори академија од овој тип. Бидејќи и тој самиот знае дека во спортот мораш да се посветиш доколку сакаш резултати. Академијата прави да живееш за спортот, да тренираш без никакви препреки, бидејќи само на тој начин ќе го достигнеш врвот. Ова е одличнен проект, на младите им се покажува дека спортот има перспектива и дека еден ден од него ќе можат да живеат. Се надевам дека овој проект ќе продолжи да се спроведува и во следните години, бидејќи резултати не се добиваат за една година. И уште еднаш ќе кажам, спортски академии има секаде во Европа и светот и ако успеваат таму, зошто да не успее и кај нас. 

 


Ванчо Димовски - ракомет

Отворањето на Спортската академија е позитивен чекор бидејќи да се насочи талентирано дете на 14 години кон она што го сака е вистински предизвик, а неговото одржување кон вистинскиот пат секогаш ќе резултира со успех. Потребно е да се работи со децата и тие да учат од вистинските стручњаци, се што се прави на овој план е позитивно. 

 

 

 

Зоран Бошковски Чоко - фудбал

Идејата е одлична и мило ми е што дојде време за нејзина реализација. Свесен сум дека одговорните на почетокот ќе се соочат со одредени препреки бидејќи водењето на една академија од ваков тип е процес кој трае долго време. Се надевам и верувам дека проектот ќе успее и во следните четири години за да имаме можност да создадеме здрава младинска репрезентација. Мора да се издржи и со кадар, и со инфраструктура и со буџет. Најискрено се надевам дека оваа академија е патот кој треба да се трасира за да добиеме подобар и поквалитетен фудбал како на клубски, така и на репрезентативен план.

 

Александар Костовски - кошарка

Спортската академија ја оценувам за позитивен потег бидејќи младите спортисти се спортски некултурни и потребно е да имаат пример за тоа како да се однесуваат. За да функционира се во најдобар ред потребни се и квалитетни кадри кои ќе ги насочат младите од 14 години кон правилниот начин на живот на професионалните спортисти. Пробелм имаме во денешно време што младите немаат каде да тренираат и кога ќе дојдат на онаа возраст на пубертетски денови, многу таленти се откажуваат од спортот. Затоа сметам дека ова е проект кој треба да се негува и од година во година да се надоградува. Бидејќи само на овој начин можеме да создадеме прфесионални спортисти кои ќе остават белег во идните светски, европски и олимписки натпреварувања. 

 

Дамјан Стојановски - кошарка

Отворањето на Спортската академија од страна на Агенцијата за млади и спорт го сметам за одличен проект. На овој начин им се дава можност на многу млади кои сакаат да тренираат да бидат насочени во вистинскиот правец. Потребно е на талентираните деца да им се дозволи да го работат она во што се најдобри, се разбира со вистинските тренири и тим околу нив еден ден ќе бидат гордост за државата.

 

Горан Шевченко - тенис

Сметам дека ова е нешто кое требаше да се случи многу порано, но како што велиме никогаш не е доцна. Добро е што се случува во овој период во кој имаме деца кои постигнуваат добри резултати на национално и интернационално ниво. Како идеја сметам дека децата кои немале можност да работат на начин на кој ние го предвидуваме, сега имаат можност да го обавуваат својот тренажен процес кој е доста обемен и професионален.

 

Ментори на Спортската Академија :

Ракомет – машки  : Љупчо Панковски  (ментор)

Ракомет – женски : Тони Стамчески   (ментор)

Фудбал : Предраг Митковски              (ментор)

Тенис  : Глигор Цанев                        (ментор)

Кошарка : Небојша Ѓуковиќ                  (ментор)

 

Стручен тим тенис:

Горан Шевченко – главен тренер;

Слободан Бачварски – Помошник главен тренер;

Томче Гигов – тренер;

Томе Караџовски – тренер и

Зоран Шевченко – тренер / спаринг партнер.

 

Стручен тим кошарка:

д-р Саша Димитријевиќ – селектор на машката селекција и

Драган Василов - помошник тренер

проф. д-р Бранко Крстевски – селектор на женската селекција и

Антон Дуковски – помошник тренер.

 

Стручен тим ракомет:

Ацо Станковски – тренер

Зоран Петковски – тренер,

Михајло П. Сиљанов - тренер,

Милева Велкова – тренер и

Љиљана Марковиќ – тренер.

Велимир Тричковски – физиотерапевт

 

Стручен тим фудбал:

Љупчо Кметовски – тренер на голмани и

Боби Стојкоски – селектор на У-16.

 

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија