Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Спортска Академија

вклучено . Објавено во Спортска академија

СПОРТСКА АКАДЕМИЈА
со паралелки за фудбал, кошарка, ракомет и тенис

Со воведувањето на Спортската академија очекуваме да се создадат идните репрезентативци. Нашата визија со спортската академија е учениците да тренираат и да учат,односно да бидат посветени целосно на тренингот. Училишните часови се изведуваат според програма изработена од Бирото за Развој при МОН. Во програмата се предвидени општообразовни предмети и стручни предмети. Учениците-спортисти имаат предметен наставник по секој предмет кој ќе ги оценува, а за време на практичната настава и тренинг за истите се грижи стручен тим од спортски тренери. Поради голема заинтересираност на учениците и нивните родители за запишување во Спортската академија, од новата учебна 2015/2016 година Спортската Академија ќе се формира како ново државно средно училиште со отворени и дисперзирани паралелки во седум други општини низ Македонија и тоа:

1. Велес (Гимназија Коцо Рацин) - паралелки по ракомет и фудбал
2. Гостивар (СОУ Гостивар) - паралелки по ракомет и фудбал
3. Охрид (ОУТУ Ванчо Питошески) - паралелки по ракомет и фудбал
4. Штип (СОУ Коле Нехтенин) - паралелка по фудбал
5. Прилеп (СОУ Мирче Ацев) - паралелки по ракомет и фудбал
6. Струмица (СОУ Никола Карев) - паралелки по кошарка и фудбал
7. Битола (ОСЗУ Кузман Шапкарев) - паралелки по ракомет и фудбал

Условите за запишување во новото државно средно училиште ќе бидат исти како и досега. Секој кандидат ќе мора да помине низ фазата на тестирање според критериумите дадени за секој спорт одделно. Проверката за секој спорт потоа ќе ја прават членовите на спортските федерации и претставници на Министерството за образование и наука. Како и досега, соодветната федерација за секој избран ученик ќе обезбедува спортска опрема и превоз до местото на одржување на тренинзите, а за учениците кои живеат надвор од општината каде што се изведува наставата, ќе се обезбедува сместување во ученички домови. Учениците-спортисти во Спортската академија и понатаму ќе бидат дел од процесот на Државна матура и ќе може да одлучуваат дали ќе полагаат државна или училишна матура, со тоа што тие што ќе полагаат државна матура ќе може да продолжат на студии.

Освен наведените институции, свој придонес во проектот ќе дадат националните спортски федерации за фудбал, ракомет, кошарака и тенис, а ќе бидат вклучени експерти од различни области (пред се, врвни спортски тренери, лекари, психолози, нутриционисти и др.). заради создавање врвни македонски спортисти препознатливи по начинот на игра, соработката и почитувањето на олимписките вредности и идеали.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија