Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

100 повеќенаменски игралишта

вклучено . Објавено во Проекти

За развој на масовниот спорт и спортот за сите, најдобор начин да се создадат услови е преку изградбата на повеќенаменските игралишта. Повеќенаменските игралишта ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат деноноќно и ќе бидат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење. Игралиштата ќе бидат опремени со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови.  Истите ќе бидат заградени и осветлени за спортување и одигрување на натпревари во ноќните часови.

Печати

Вештачка карпа за спортско качување

вклучено . Објавено во Проекти

Спортското качување е релативно нова дисциплина во нашата земја која е многу популарна во светот поради исклучително вредните спортски содржини и можностите што ги нуди. Признание за вредноста на овој спорт дава и Mеѓународниот олимписки комитет, кој истиот го вклучи во програмата на спортови кои ќе бидат застапени на наредните олимписки игри во Лондон 2012 година.
Локацијата на спортскиот објект ,,ВЕШТАЧКА КАРПА ЗА СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ" се наоѓа во Општина Карпош, во близина на скејт паркот и е со димензии 50м/40м. Објектот опфќа вештачка карпа за спортско качување, вештачка карпа- болдер, помошен објект, монтажни трибини и столб за громобранска инсталација.

Печати

50 помошни фудбалски игралишта

вклучено . Објавено во Проекти

Високо развиените држави во националните стратегии за развој на здрава, социјализирана, психоморфолошки профилирана младина, неминовно ги имаат имплементирано масовните форми на рекреативно и професионално бавење со спорт.
Фудбалот во светот важи за една од најмасовните спортски форми, која со својата едноставност е директно зависна од застапеноста и организираноста на наменските терени од оваа гранка, овозможува ангажман, афирмација и развој како на здрава младина така и на квалитетен и врвен спорт.

Печати

100 тениски игралишта

вклучено . Објавено во Проекти

Тенисот кој е еден од најактуелните светски спортови анимира милиони играчи и фанови од целиот свет. Најдобрите играчи стануваат икони на новата генерација.
ПРОЕКТОТ ТЕНИСКИ ИГРАЛИШТА се состои од единечно тениско игралиште (со еден тениски терен) со димензии 21,1x39,4 метри и двојно тениско игралиште (со два тениски терена) со димензии 39,4x39,4 метри.
Планирани за изградба низ територијата на Република Македонија се 20 единечни и 40 двојни тениски игралишта.

Печати

35 спортски сали

вклучено . Објавено во Проекти

Високоразвиените држави во национални стратегии за развој на здрава, социјализирана, психоморфолошки профилирана младина неминовно ги имаат имплементирано масовните форми на рекреативно  и професионално бавење со спорт.
Мултифункционалните затворени објекти за спорт по сите истражувања ја даваат најголмата можност за развој на голема палета на спортски дисциплини а со тоа и ангажирање и анимирање на голем број на млади луге.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија