Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Продолжен рокот за пријавување за ,,Конкурсот за млади поети" и ,,Конкурсот за млади ументици"

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт ги известува заинтересираните млади дека рокот за пријавување за ,,Конкурсот за млади поети" и ,,Конкурсот за млади уметници" е продолжен до 21 октомври оваа година..

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади.

Подетално информирајте се со симнување на кокурсите.

 - Конкурс за млади поети (СИМНИ ОВДЕ)

- Конкурс за млади уметници (СИМНИ ОВДЕ)

Печати

Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото кај младите луѓе објавува јавен повик за учество во обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини.

Обуката е составена од два модула, во кој првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот модул од обуката се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис.

На повикот можат да се пријават млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Северна Македонија.

Сите заинтересирани за учество во обуката, пријавата може да ја симнат на линкот подолу, да ја пополнат и да ја испратат по пошта или електронски до Агенцијата за млади и спорт.

- ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ (симни)

- ПРИЈАВА (Македонски) (Албански)

Печати

Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

вклучено . Објавено во Соопштенија

8 septemvri 1

Денес во кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија се одржа свеченоста за доделување на државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември". Директорот на АМС, Дарко Каевски на почетокот на свеченоста, ги поздрави присутните и го честиташе државниот празник.

- На овој светол празник на нашата држава - 8-ми септември, голема е честа да се стои покрај овие големи имиња, кои во минатото ги направија горди своите граѓани и својата држава. Годинашните добитници на наградата со тоа што го сторија и се уште го прават за својата земја ја заслужија честа да бидат оние кои на најмладите генерации спортисти, оние кои на европските и светските борилишта треба да го бранат македонскиот дигнитет ќе им го пренесат чувството на вредност на спортскиот пиедестал во насока на промоција на својата земја.

Печати

Државни спортски награди 8-ми септември

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres 8

Државната наградата “8 Септември”, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот, беше најавена во Агенцијата за млади и спорт на прес конференција на која присуствуваше директорот на АМС Дарко Каевски и претседателот на одборот за награди Ленче Алексовска Величковска.

Печати

Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за формирање работни групи за НСМ

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Јавен повик за пријавување претставници на граѓански организации и заинтересирани лица за членови на работни групи и фасилитатори за изготвување на Акциски план 2020 за Националната стратегија за млади  

На консултативните средби за Националната стратегија за млади , кои се одржаа на  10-ти и  11-ти јули во Клубот на пратеници, а на кои учествуваа претставници на граѓански организации и институции, се потенцираше потребата од креирање на Акциски план за Националната стратегија за млади за 2020 година, како и усогласување на НСМ со останатите релевантни акти и документи во областа млади. 

За таа цел  Агенција за млади и спорт објавува Јавен повик за пријавување на претставници на граѓански организации и заинтересирани лица за учество во работни групи и фасилитатори на групите, за изготвување на Акциски план за Националната стратегија за млади за 2020 година.

Печати

Обнова на Едриличарскиот клуб “Снегар”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk snegar

Големиот пожар кој пред три недели избувна на „Машката плажа“ во Струга, целосно го уништи Едриличарскиот клуб “Снегар, со 33 пловни објeкти, 4 мотори и 60 години стара документација.

Агенцијата за млади и спорт обезбеди средства за целосна реконструкција на опожарениот објект.

Печати

Прва обезбедена норма за Токио

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk norma

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и освојувањето норма за Летните Олимписки игри Токио 2020, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција на која учество земаа директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Боречка федерација, Бетим Вренези и освојувачот на бронзениот медал, Могамедгаџи Нуров.

Печати

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по ред, го објавува ,,Конкурсот за млади поети” и ,,Конкурсот за млади уметници”. Оваа активност е дел од проектите зацртани во годишните активности во секторот млади, кој има за цел да го поттикне творечкото умештво и уметничко изразување кај младата популација.  Во прилог се конкурсите каде сите млади кои се заинтересирани да се пријават и да земат учество, можат директно да се информираат:

КОНКУРС ЗА МЛАДИ ПОЕТИ (симни конкурс)

КОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ(симни конкурс)

Печати

Наградени најдобрите на ФИС Ролер Ски Куп

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk ski

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги додели наградите на последниот ден од натпреварите на 3-от ФИС Ролер Ски Куп, каде што учество земаа 26 натпреварувачи (13 машка категорија и 13 женска категорија) од 5 држави.

Печати

43-ти пат одбојкарски турнир “Чајка”

вклучено . Објавено во Соопштенија

Odbojka turnir CajkaЕден од спортските настани со најдолга традиција во нашата земја е одбојкарскиот турнир “Бранко Хаџи Иљоски” е  најавен за викендов во Скопје.

Имено, турнирот ќе биде организиран во насока на подобрување на условите на одбојкарската федерација со обезбедување на три јаки репрезентации, гости на турнирот.

На прес конференцијата организирана во Агенцијата за млади и спорт, директорот Каевски го изрази своето задоволство за упорноста на челните луѓе на одбојкарската федерација и семејството Хаџи Иљоски во одржување на континуитет на една ваква традиционална манифестација.

Печати

„ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

вклучено . Објавено во Соопштенија

skii

Од 22 до 25 август на патеката Кривогаштани-Крушево ќе се одржи четвртиот меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“. Организатори на настанот се Агенција за млади и спорт, Скијачката Федерација, Фондацијата Тоше Проески и клубот Олимпик Скии – Крушево, како и општините Крушево и Кривогаштани.

Агенцијата за млади и спорт заедно со Скијачката федерација на Македонија, за многу краток период успеаа да го издигнат ,,ФИС Ролер ски куп Тоше Проески” на ниво со останатите меѓународни манифестации во регионот.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на пресот изјави дека потврда за тоа е што од година во година имаме се повеќе пријавени натпреварувачи и учесници, со што и оваа година ќе гледаме интересни трки на патеките на релација Кривогаштани-Крушево.

Печати

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk pmf

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски присуствуваше на Институтот за Хемија при Природно математичкиот факултет, по повод одличното претставувањето на нашите млади хемичари на 51 олимпијада по Хемија, во Париз, Франција.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија