Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Агенцијата за млади и спорт организираше средба со спортски новинари

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams brif web 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт,Дарко Каевски организираше средба со македонските спортски новинари од електронските и печатени медиуми.
Целта на оваа средба беше отвореност на Агенцијата за соработка, сугестии, различни ставови на спортските новинари, како и укажување на важноста на мислењата на спортските новинари за сите поединости поврзани со развојот на македонскиот спорт.
Печати

Прием за Мотоциклистичка федерација на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem moto

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за Мотоциклистичката федерација на Македонија, по повод сумирање на резултати и остварувањата во годинава што изминува, како и плановите за наредната.

Печати

“50 години Македонско карате”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres 50

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Карате федерација на Македонија одржа прес конференција по повод јубилејот 50 години карате во Македонија и истовремено го најави меѓународниот карате турнир, кој на 16.декември ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски”.

-Еден од најголемите планирани проекти на Агенцијата за млади и спорт е Олимписката програма со сите припремни и натпреварувачки настани, во која каратето како нов олимписки спорт ќе има важен удел.

Печати

Прием на златниот од Европското сениорско првенство во таеквондо

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem tekvondo web 1

Честитки за успехот на нашиот македонски репрезентативец Дејан Георгиевски, кој успеа да го освои златниот медал на Европското сениорско првенство со олимписки категории кое се одржа во Софија, Бугарија. Ова е огромен успех за македонското таекводно, бидејќи Дејан стана шампион во олимписки спорт и ја најави кандидатурата за Олимписките игри во Токио 2020 година Му посакувам огромен успех и продолжуваме со поддршка на нашите успешни спортисти кои не прават особено горди.

Печати

Прес по повод светското традиционално карате првенство

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres dn

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод неодамнешниот настап на Македонската репрезентација во традиционално карате на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини, Италија. Постигнат е  историски резултат ,14 медали од кои: 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски истакна дека е чест и вистинско задоволство кога Македонска репрезентација освојува ваков историски успех, особено ако истиот е остварен на едно мундијалско натпреварување. Агенцијата и понатаму останува отворена за соработка со федерацијата за традиционално карате во секој сегмент, особено кога станува збор за младинските категории.

Печати

Трибина на тема „Преглед на состојбата на младите во Македонија низ индикатори за младинско учество“

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo web

Тимот на Млади Инфо Интернационал во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Македонија на ден 22.12.2017 година (понедeлник) во ЕУ Инфо центар со почеток во 10:30 часот ќе организира информативна трибина на тема „ Преглед на состојбата на младите во Македонија низ индикатори за младинско учество“ на која за прв пат, младинските организации обединети околу идејата за зголемување на младинско учество ќе дискутираат за начини за овозможување на поголема партиципација на младите во јавниот живот и процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Печати

Прогласени добитниците на наградите од проектот “Најдобри млади уметници”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams umetnici

Како завршен настан од проектот ,,Млади Уметници” кој започна со објавување на Конкурс од страна на Агенцијата за млади и спорт, се постави изложба од пристигнатите дела на млади автори, чие отворање се случи во Национална галерија на Македонија, објект Мала Станица - 2 кат.

На свеченото отварање беа прогласени добитниците на наградите во пет категории (сликарство, скулптура, фотографија, графика и графички дизајн), а наградите за најдобрите ги врачи директорот на Агецијата замлади и спорт Дарко Каевски.

Печати

Меѓународен одбојкарски турнир “Бранко Хаџи Иљоски-Чајка”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams cajka web 1

Одбојкарска Федерација и семејството Хаџи-Иљоски, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт,41-випат ќе го организираат турнирот во Одбојка “БРАНКО ХАЏИ ИЉОСКИ ЧАЈКА, турнир со најголема одбојкарска традиција во Македонија.

На прес конференцијата свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој ја истакна потребата од континуирано одржување на манифестации со долгогодишни традиции.

Печати

Младите лица со попреченост во секојдневниот живот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk unicef govor web 1

Центарот за младински активизам “КРИК“ и Сојузот на извидници од Македонија, одржаа завршна конференција на тема : Младите лица со попреченост во секојдневниот живот, која се одржа во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “ со тема : Младите лица со попреченост во секојдневниот живот.

Меѓу говорниците, свое излагање имаше и Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Печати

Македонија со четворица претставници на ЕП во пливање, Копенхаген

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres pliv 1

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија во соработка со Пливачката федерација на Македонија ќе го подржи учеството на пливачите Ана Јаневска, Љупчо Ангеловски, Миа Крстевска, Давор Петровски и Методија Ангелески во нивното учество на ЛЕН Европското првенство во кратко пливање кое ќе се одржи во Копенхаген, Данска, во Кралската Арена.

„Горд сум што можам да кажам дека 4 наши пливачи ќе учествуваат на ова Европско првенство во пливање. Уверен и убеден сум дека достоинствено ќе ги бранат боите на Македонија....

Печати

Прогласени најдобрите во фудбалот на гала манифестација во организација на ФФМ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Direktor Darko Kaevski dodeluva

Фудбалската федерација на Македонија на гала манифестација во Македонскиот Народен театар ги додели наградите на најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ги врачи наградите во категоријата најдобар млад играч и најдобар стрелец во младински фудбал.  Во категоријата најдобар млад играч, Директорот Каевски му ја врачи наградата на Елиф Елмас, кој сега настапува во редовите на Фенербахче, а претходно го носеше дресот на работнички. Во категоријата најдобар стрелец во младински фудбал, Каевски му ја врачи на Александар Мишов од фудбалскиот клуб Академија Пандев.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија