Македонскиот параолимписки тим во состав: Оливера Наковска-Бикова, и Ванчо Каранфилов (стрелци), Драган Дојчиноски-шеф на мисија и Бранимир Јовановски-тренер учествуваше на Параолимписките игри во Лондон кои се одржаа од 22.08-08.09.2012.
Ова беа најголемите до сега Параолимписки игри на кои учествуваа 4.200 спортисти од 165 држави. Исто така за првпат и Олимписките и Параолимписките игри целосно ги организираше еден организациски комитет предводен од Себастијан Коу.
Знамето на Република Македонија на отварањето на игрите го носеше Бранимир Јовановски, освојувач на златен медал со светски и параолимписки рекорд од Барцелона 1992 година, додека на церемонијата на затварање на игрите, Викторија Гинис, асистенка на македонскиот параолимписки тим за време на игрите, заради тоа што нашиот тим се врати во Македонија порано од предвиденото за да учествува на големата прослва и одбележување на независноста на Република Македонија на арената Филип II.
Македонските спортисти учествуваа во по три спортски дисциплини и тоа: воздушен пиштол која се стрела на 10 метри растојание, малокалибарски спорт пиштол кој се стрела на 25 метри и малокалибарски пиштол слободен избор која се стрела на 50 метри.