Симболично означен почетокот на акцијата "Ден на Дрвото" со засадување на Мршевски рид
Денес дипломатскиот кор поддржан од директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски, министерот за надворешни работи Никола Попоски. градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и спортистот Вели Мунин симболично засадија садници на Мршевски рид, со што симболично ја означија есенската акција за пошумување. Акцијата ќе трае и во наредниве денови, додека на 21 ноември - официјално ќе се одржи "Денот на Дрвото" низ цела држава, кој е прогласен за неработен ден.