Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  Музејот на град Скопје е местото каде денес беше отворена изложбата...

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019 година

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за...

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и...

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на...

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на...

  • Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

    Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  • Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

    Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019...

  • Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

    Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

  • Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

    Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на...

  • Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

    Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Печати

Одржан меѓународниот џу џитца турнир СКОПЈЕ ОПЕН 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

На ден 10 ноември 2012 година (сабота) во спортската сала "Македонско сонце" нас. Пролет се одржа меѓународниот турниор "СКОПЈЕ ОПЕН 2012" кој  свечено го отвори Директорот на Агенција за млади и спорт м-р Лазе Поповски.
Тоа е традиционален турнир кој трета година по ред се одржува во Скопје и на него учество земаат екипи и репрезентации од Словенија, Црна Гора, Србија, Босна, Бугарија, Турција и Македонија. На турнирот се натпреваруваа деца, кадети, јуниори и сениори во машка и женска конкуренција.
Печати

ДЕН НА ДРВОТО со подршка на спортистите

вклучено . Објавено во Соопштенија

Јубилејната десетта кампања се движи во правец во кој се става акцент на спортистите кои оваа и изминативе години ги постигнаа најголемите успеси на спортско поле, како во екипните, така и во индивидуалните спортови.

Спортистите ги донесоа најголемите спортски успеси за Република Македонија и затоа во јубилејното дессето засадување тие се заштитниот знак за кампањата.

Спортски е да се сади.
За кого?! За Македонија!

Промотивната видео кампања можете да ја погледнете на следниот линк

https://www.facebook.com/photo.php?v=10151277439420318

 

 

Печати

Прес-конференција ЗЛАТЕН ГОНГ 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска,(06.11.2012 година), во 10 часот и 30 минути во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференцијата по повод 42-то издание на манифестацијата Златен гонг 2012. На прес-конференцијата учествуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски, Бобан Блажевски, проф.д-р Војо Настевски, како и Живко Дуковски од организациониот одбор на ЗЛАТЕН ГОНГ.

Печати

Донација од страна на АМС за Домот за деца без родители "11 Октомври"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, 02.11.2012 година,  директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, го посети Домот за деца без родители 11 Октомври.Целта на оваа посета беше донација на спортски реквизити, односно две пинг-понг маси, шест пинг-понг сетови, 36 пинг-понг топчиња, четири фудбалски топки, четири кошаркарски топки, по две ракометни и одбојкарски топки, два дигитални фото-апарати, една дигитална камера, шест шаховски табли, четири домино сетови, четири “Guess who adult” социјални игри, како и еден мини систем ДВД.

Печати

Континуирана обука за наставниците по физичко и здравствено образование, професорите по спорт и спортски активности од средното образование и оделенските наставници

вклучено . Објавено во Соопштенија

Наставниците по физичко и здравствено образование, професорите по спорт и спортски активности од средното образование заедно и оделенските наставници, ќе имаат серија обуки од страна на советниците од Бирото за развој на образование, Факултетот за физичка култура во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Печати

Интервју со Александар Костоски - кошаркарски репрезентативец на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Интервју со Александар Костоски, кошаркарски репрезентативец на Македонија

Спортистите имаат само позитивни придобивки од трансформацијата на клубовите во АД

Костоски: Отворањето на Спортска академија во која се опфатени деца од 14 години е позитивен чекор, бидејќи многу млади таленти се откажуваат од спортот токму во тие пубертетски денови- вели Костоски

Зошто ја одбра токму кошарката?

Костоски: Мојата примарна љубов е фудбалот и првиот спорт кој почнав да го тренирам беше токму тој. Но, поради здравствени причини не можев да продолжам. Бидејќи сакав да се занимавам со спорт се одлучив за кошарката.Мојот татко има кошаркарско училиште и некако проценив дека тоа е спортот кој јас треба да го тренирам. Но, сеуште моја прва и најголема љубов е фудбалот.

Печати

Одржан семинарот "Допингот во спортот"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска во салата на Советот на град Скопје се одржа семинарот за анти-допинг "ДОПИНГОТ ВО СПОРТОТ" кој го организираа Агенцијата за млади и спорт во сорабтка со Македонскиот олимписки комитет. На семинарот свое учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт,Лазар Поповски, ген.секретар на МОК Сашо Поповски,  д-р Илија Стоилов - Комисија за анти-допинг при АМС и д-р Зоран Ханџиски -  Комисија за анти-допинг при АМС.

Печати

Во четврток (08.11.2012год.) со почеток во 13.00 часот започнува семинарот "Допингот во спортот"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Покана: СЕМИНАР – Анти-допинг

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Ве информира дека како дел од активностите за оваа година кои произлегуваат од Програмата за работа на Комисијата за анти-допинг при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, предвидено е одржување семинар на тема – „Допингот во спортот“.

Печати

Интервју со Примислав Димовски, репрезентативец на македонската боксерска репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија


Димовски: Златниот Гонг е вистински репрезент на боксот и на македонскиот спорт

Оваа година сум вклучен во жири комисијата и тоа навистина ме радува. Сакам и во иднина да бидам вклучен во организацијата на оваа манифестација бидејќи ЗЛАТНИОТ ГОНГ има вредности и претставува вистински репрезент не само на боксот, туку и на македонскиот спорт.

Печати

Отворен новиот центар за млади и невладини организации во општина Гази Баба

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски денеска (01.11.2012) присуствуваше на официјалното отворање на Центарот за млади и  невладини организации во општина Гази Баба. 

Печати

Доделено првото решение за училишен спортски клуб во Општина Аеродром

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Лазар Поповски го предаде првото решение за регистрирање на првиот Училишен спортски клуб Ѓорѓија Пулески во општина Аеродром, на директорката на основното училиште г-ѓа Милка Тринчевска.

Печати

Успеси на Македонската Кендо репрезентација на Меѓународниот Кендо Куп Белград Опен

вклучено . Објавено во Соопштенија

На Меѓународниот Кендо Куп Белград Опен во конкуренција од 16 држави, Македонската Кендо репрезентација под водство на Кесковски Златко и Такакатсу Исхии Сенсеи освои 3 медали од кои сребро и бронза во Јуниорска конкуренција за Матеј Ивановски и Владимир Кесковски и бронза во сениорска конкуренција Менсур Бојда. Натпреварите продолзуваат утре во екипна конкуренција каде се очекува медал во сениорска конкуренција.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија