Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  Музејот на град Скопје е местото каде денес беше отворена изложбата...

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019 година

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за...

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и...

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на...

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на...

  • Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

    Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  • Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

    Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019...

  • Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

    Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

  • Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

    Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на...

  • Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

    Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Печати

Најава за прием кај директорот во Агенција за млади и спорт на 29.01.2013 година, вторник, во 11:00 часот

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт на 29 јануари 2013 година, вторник во 11:00 часот, директорот м-р Лазар Поповски ќе го прими македонскиот олимписки тим што ќе учествува на олимпијадата за глуви “DEAFLYPMPICS GAMES” во Софија, Р. Бугарија во периодот од 26-ти јули до 4-ти август 2013 година.

Печати

КОНКУРС за доделување средства за 2013 година

вклучено . Објавено во Соопштенија

Се објавува Kонкурс за доделување средства за 2013 година, од:
1.Програма за развој на спорт и млади за 2013 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/13) и 
2.Програма за распределба на средства од игри на среќа и за забавните игри за 2013 година за финансирање на националните спортски федерации, спортски клубови и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/13)

Печати

Најава за прес-конференција

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во Агенција за млади и спорт, на 15 јануари 2013 година, вторник, во 11 часот, ќе се одржи прес-конференција по повод донесувањето на 5 годишната Програма за развој на спортот во Република Македонија за период 2013-2017 година и отпочнување на гласањето за избор на „Спортист на годината“, во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, а под покровителство на Агенција за млади и спорт

Печати

Иванов и Поповски: Добар пат, донесете ни радости

вклучено . Објавено во Соопштенија

Традиционално пред секој голем и важен спортски настан на кој ние сме застапени, Претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов организира средба со македонската машката ракометна селекција на која присуствуваше и директорот на АМС Лазар Поповски. Добри желби преовладуваа во формалниот дел, но и во дружењето на првиот човек на државата и водечката личност на Агенцијата со репрезентативците кои в петок заминуваат на СП во Шпанија

Печати

СПОРТСКА АКАДЕМИЈА - посета на националниот тим во ракомет во пресрет на Светското првенство во Шпанија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Утре - 03 јануари 2012, четврток во периодот помегу 10 и 12 часот учениците од спортските паралелки по ракомет при Спортската академија ќе присуствуваат во рамки на тренингот на националниот ракометен тим во пресрет на Светското првенство кое овој месец се одржува во Шпанија

Печати

Театар „Сенки и облаци” објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО во проектот „ХИВ/СИДА едукација преку игра со сенки”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО Во проектот „ХИВ/СИДА едукација преку игра со сенки”

Ако си на возраст од 16-22 год, живееш во Скопје и во следните два месеци сакаш со својата креативност да создадеш приказни кои ќе ги едуцираат твоите врсници, придружи се во проектот на „Сенки и облаци” поддржан од MTV Staying Alive.

Печати

АМС ПОДГОТВЕНА ЗА ПРИМЕНА НА ПЕТГОДИШНАТА РАЗВОЈНА ПРОГРАМА НА СПОРТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на која директорот Лазар Поповски детално ги информираше претставниците на медиумите за усвојувањето на петгодишната програма за развој на македонскиот спорт на седницата на Владата на Република Македонија одржана на 3 јануари. Со тоа е заокружен еден подолг процес на анализи и проценки од страна на голем број спортски авторитети, стручни лица, спортисти и тимот на Агенцијата за млади и спорт. Изразувајќи им благодарност на сите соработници, Поповски потенцира дека со ова е ставен крај на транзицијата во спортот и се дефинира стратешката насока на Законот за спорт, финансирањето и можноста за формирање на фондации како и за спортот во институциите(предучилишен, училишен, универзитетски, армиски, полициски)

Печати

ДОНЕСЕНА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

вклучено . Објавено во Соопштенија

Врз основа на член 23, став 1 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), Владата на Република Македонија на својата седница под бр.41-6936/1-12 од 3.01.2013 година, ја донесе Програма за развој на спортот за период од пет години

Печати

Ракометната паралелка на спортската академија на тренинг на репрезентaцијата

вклучено . Објавено во Соопштенија

Стипендистите на АМС и ученици во Спортската академија, и директорот на Агенцијата Лазар Поповски денеска присуствуваа на утринскиот тренинг на најдобрата машка ракометна репрезенатција која се подготвува за настап на Светското првенство во Шпанија. Талентите со внимание ги следеа потезите на своите идоли кои се во фаза на тактичко усвршување на играта која од 12 јануари во Севиља треба да ни овозможи барем две победи кои ќе не однесат во осминафиналето од третиот мундијал за нас

Печати

Извештај за балканска титула

вклучено . Објавено во Соопштенија

Oваа 2012 година Кик Бокс федерацијата ја завршија со последната меѓународна активност на 28.12 во Нови Пазар, Р.Србија пред околу 1000 присутни во салата. Нашата репрезентативка и носителка на голем број на медали од Балкански, Европски и Светски првенства Кристина Стојчевска се бореше за титулата БАЛКАНСКИ ПРВАК.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија