Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Меѓународен параглајдинг натпревар ГОСТИВАР ОПЕН 21-23 СЕПТЕМВРИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

На меѓународниот натпревар учествуваа 50 тина натпреварувачи од АЛБАНИЈА, МАКЕДОНИЈА и КОСОВО. Повторно голем успех на членовите на ,,Параглајдинг клуб– Делта. 1-место БОРЈАН ЈОВАНОСКИ 2-место МИЛЕ ЈОВАНОСКИ 3-место КРИСТИЈАН ТЕМЕЛКОСКИ И без присуството на најдобриот македонски параглајдерист член на Параглајдинг клуб Делта Прилеп Мартин Јованоски, освоени се 1-првото и 2-второто место на овој меѓународен параглајдерски натпревар. Седумнаесетгодишниот Борјан Јованоски (стипендист на Агенцијата за млади и спорт) докажа дека Македонија има иднина во дисциплината прецизно слетуване и дека државата треба да вложи во овој спорт затоа што може да ни донесе многу успех во иднина во овој спорт. ПАРАГЛАЈДИНГ КЛУБ- ДЕЛТА - ПРИЛЕП

Печати

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА

вклучено . Објавено во Соопштенија


Врз основа на Законот за волонтерство (Сл. Весник на РМ бр. 85/07 и 161/08) Програмата за волонтирање со арх.бр. 03-1291/1 од 20.06.2012 година , донесена од Агенцијата за млади и спорт , Агенцијата има потреба од ангажирање на волонтери


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати , да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Агенцијата за млади и спорт , и тоа:


- 5(пет) волонтери со завршен факултет од областа на општествените науки, предност ќе се смета искуство во реализирање на младински и спортски проекти

Волонтерската работа ќе биде во времетраење од 3( три ) месеци .

Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават:
- Мотивационо писмо ( во кое ќе се наведат причините и мотивите за волонтирање)
- Кратка биографија ( со податоци за контакт)
- Доказ за завршено образование

Потребните документи треба да бидат доставени на следната адреса:

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
Ул. Франклин Рузвелт бр 34, Скопје
Со назнака ,, за јавен повик за ангажирање на волонтери,,

Рокот за доставување на документите е 5 (пет ) работни дена од денот на објавување на повикот.
Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) работни дена . По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа.


Агенција за млади и спорт

Печати

Интервју со Благоја Милевски-Боби, тренер на Фудбалскиот клуб Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Интервју со Благоја Милевски-Боби, тренер на Фудбалскиот клуб Вардар

Милевски: Веќе се чуствуваат придобивките од трансформацијата на ФК Вардар во АД

Потребно е клубовите да се трансформираат во Акционерски друштва бидејќи на тој начин за спортистите ќе се плаќа здравствено осигурување, но и ќе им тече работен стаж. Според мене, професионалните спортисти треба да имаат бенефициран стаж бидејќи нивната кариера завршува на најмногу 38 години-вели Милевски

Печати

Интервју со м-р Ѓорѓе Војновиќ, поранешен кошаркар и член на Одборот за доделување на државната награда “8-ми Септември”

вклучено . Објавено во Соопштенија

Војновиќ: Трансформацијата на спортските клубови во АД е вистински потег на АМС

Камо јас кога играв да беше донесен Законот за спорт кој е вистински чекор за професионализација на врвниот спорт. Во денешно време познавам многу спортисти, поготово кошаркари, кои играле по 20 години, сега имаат по 40 години, а немаат еден ден работен стаж- вели Војновиќ

Печати

Регистар на професионални спортски клубови трансформирани во акционерски друштва

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт според Законот за спорт започна да води Регистар на професионални клубови. Клубовите кои се трансформираа во акционерски друштва и станаа професионални спортски клубови, изразија пофални критики и задоволство од новиот начин на функционирање и управување.  Во прилог е листата-Регистар на професионални спортски клубови,кој од ден на ден се дополнува со нови професионални спортски клубови.

1. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ РЕНОВА АД с.Џепчиште,Тетово ТЕТОВО  ЏЕПЧИШТЕ
2. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ВАРДАР АД СКОПЈЕ ЦЕНТАР СКОПЈЕ-ЦЕНТАР
3. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД с.ТУРНОВО Босилово БОСИЛОВО ТУРНОВО
4. Друштво за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ РАБОТНИЧКИ АД Скопје ЦЕНТАР СКОПЈЕ-ЦЕНТАР
5. Друштво за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ АД Скопје АЕРОДРОМ СКОПЈЕ-АЕРОДРОМ
6. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ МЕТАЛУРГ АД Скопје ГАЗИ БАБА СКОПЈЕ-ГАЗИ БАБА
7. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ СИЛЕКС АД Кратово КРАТОВО КРАТОВО
8. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР АД Битола БИТОЛА БИТОЛА
Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ДРИТА АД с.Боговиње,Боговиње БОГОВИЊЕ БОГОВИЊЕ
9. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ БРЕГАЛНИЦА 2008 АД Штип ШТИП ШТИП
10. Друштво за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ КОЖУВ АД Гевгелија ГЕВГЕЛИЈА ГЕВГЕЛИЈА
11. Друштво за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ НАПРЕДОК АД Кичево КИЧЕВО КИЧЕВО

Печати

Интервју со Хајруш Синани, носител на државна награда "8-ми СЕПТЕМВРИ"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Интервју со Хајруш Синани, носител на државна награда         "8-ми СЕПТЕМВРИ" 

Синани Во денешно време момчињата се поразгалени и не сакат да се лишат од задоволствата за да го достигнат успехот на Трстена

Тренерот на боречкиот клуб Лирија и добитник на државното признание 8-ми Септември, Хајруш Синани вели дека е навреден од коментарите дека признанија не треба да добиваат пензионирни спортисти. Синани додава дека доколку вакво признание му се додели на активен спортист тоа би значело дека државата става крај на неговата професионална кариера

Печати

Интервју со Ванѓел Симев, универзитетски професор и член на Комисијата за подготовка на Националната стратегија за спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

Симев: Здравите навики се учат на предучилишна возраст

Имаме училишни лиги кои се на ниско ниво. Битно е секое одделени да има свој клуб, тие да се натпреваруваат со другите одделенија и на крај да се направи еден тим кој ќе биде на училиштето, за да може секое дете да почувства што е тоа натпревар. Од сите да се изберат најдобрите. Важно е децата меѓусебе да се натпреваруваат-вели Ванѓел Симев, универзитетски професор

Како треба да се постапува со децата од предучилишна возраст. Што е она што недостига за да ги вклучиме децата во спортските активности?

Симев: Со децата треба да се работи уште кога тие се мали. Од 5 до 8 годишна возраст е периодот кога тие создаваат навики, работни навики преку кои подоцна си го олеснуваат животот. Во овој период децата имаат одлична мускулатура, еластични се лесно учат вежби, сакаат да имитираат и што е најбитно немаат страв. Ова е идеалниот период кога детето треба да почне да се занимава со спорт. Бидејќи на лесен начин ќе научи да создава работни навики. Сама по себе ќе дојде и дисциплината и ќе живее здрав начин на живот. Во денешно време ние се соочуваме со проблем што родителите немаат време за своите деца. Тие кога ќе се вратат од работа сакаат да се “ослободат” од своите деца и ги ставаат пред комјутер пуштајќи им игри кои не се за нивна возраст. Со тоа децата створаат еден лажен свет во кој се им е дозволено. Сетете се само колку случаи на убиства има низ целиот свет извршени од деца кои мислат дека тоа им е дозволено. Децата лесно впиваат се што ќе видат. Тие дома играат игри со убивање и мислат дека е нормално да се убива.

 

Печати

КК Струмица преминува во целосна сопственост на општината

вклучено . Објавено во Соопштенија

Советот на општина Струмица на денешната редовна седница, меѓу другото, донесе Олука со која ги презема основачките права на акционерското друштво за спортска дејност Кошаркарски клуб “Струмица”. Тоа значи дека уште еден кошаркарски клуб во Македонија е трансформиран во акционерско друштво, односно онака како што налага законот. Сепак, во моментов не е познато колку кошаркарски суперлигаши го имаат исполнето овој услов и дали ќе ги има во доволен број за да се одржи лигата. Кошаркарската сезона обично започнува околу средината на октомври, но се уште не е познат календарот ниту официјалниот термин кога ќе биде стартот. Прво, потребно е да се види дали има доволен број на екипи регистрирани како АД. Во пракса, досега како сопственици интерес покажаа само општините, додека вистински приватни инвеститори реално нема во кошарката и во спортот воопшто.

Печати

Трејлер(видео најава) за филмот ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ

вклучено . Објавено во Соопштенија


Филмот „Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот Германско-Еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. Ова е приказна за основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу својата љубов кон неговиот тим и неговата лојалност кон Новиот Поредок. Ова е приказна за неговиот најдобар напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, Еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер (со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!

Линк за трејлерот ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ

http://www.youtube.com/watch?v=6NtSwkcN5dM

Печати

Интервју со Александра Неделковска носител на државната награда 8-ми Септември

вклучено . Објавено во Соопштенија

Неделковска Агенцијата за млади и спорт дава стипендии, спортистите треба да и враќаат со медали

Александра Неделковска, претседател на Македонската кик-бокс федерација е единствената жена која го доби државното признание 8-ми Септември. Таа вели дека горда што заедно со својот сопруг го донеле кик-боксот во Македонија бидејќи овој спорт сега е еден од најатрактивните во светот

Печати

Викендов на „Филип Втори“ младински атлетски Куп на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Со право за настап на младинскиот атлетски куп на Македонија се стекнаа првопласираните шест атлетичари од секоја дисциплина во квалификаците за Купот на Македонија одржани пред две недели.Младинците ќе се натпреваруваат во следниве дисциплини: 110м пр; 400м пр; 100м; 200м; 400м; 800м; 1500м; 3000м; 5000м; 4х100м; 4х400м; далечина; височина; трискок; диск (2кг); копје(800гр) и ѓуле(7.26кг).Младинките ќе настапат во дисциплините: 100м пр; 400м пр; 100м; 200м; 400м; 800м; 4х100м; 4х400м; далечина; височина; диск (1кг); копје(600гр) и ѓуле (4 кг).  

Атлетската федерација на Македонија е организатор на финалето на Купот на Македонија за младинци и младинки кое ќе се одржи утре и задутре во Скопје на „Национална арена Филип Втори“.

Печати

Интервју со м-р Бошко Заборски носител на државно признание “8-ми Септември”

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Интервју:

м-р Бошко Заборски носител на државно признание 8-ми Септември

Заборски: Државното признание 8-ми Септември ми е најдрагата награда која досега сум ја примил

 Добитникот на државното признание 8-ми Септември м-р Бошко Заборски вели дека со воведувањето на наградата за тренерите и стручните лица, тие повеќе не се маргинализирани во споредба со спортистите и таа е сега само мотив повеќе за останатите тренери да остваруваат поголеми резултати

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија