Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Скопје трча

Скопје трча

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови,...

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по...

Европска недела на спортот во Македонија

Европска недела на спортот во Македонија

По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа –...

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Агенцијата за млади и спорт во периодот од 5-8 септември e домаќин на...

  • Скопје трча

    Скопје трча

  • Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

    Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

  • Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

    Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите...

  • Европска недела на спортот во Македонија

    Европска недела на спортот во Македонија

  • Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

    Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Печати

Информација од Илина Арсова, претставник на Република Македонија на престижната програма за поттикнување на жени во разни спортски области која се одржа во САД

вклучено . Објавено во Соопштенија

Драги пријатели, почитувани поддржатели и обожаватели на природата и спортот. 

Штотуку се вратив од САД каде имав чест да бидам дел од една многу престижна програма за поттикнување на жени во разни спортски области.

Ова е краток извештај кој сакам да го споделам со вас:

Global Sport Mentorship program e програма на US Department of State, ESPN – најголемата спортска телевизиска мрежа во САД, во соработка со Универзитетот од Тенеси и „The Center for Sport Peace & Society“. 

Печати

К-ДЕН, НЕКА СВЕТОТ ГО ОТКРИЕ КАРАТЕТО, КАРАТЕ Е НА ПАТОТ КОН ОЛИМИСКИТЕ ИГРИ.

вклучено . Објавено во Соопштенија

На ден 07.10.2012 година со почеток во 12 часот на плоштадот Александрија во Прилеп, во организација на карате клубот Ронин заедно со своите гости поранешни каратисти, тренери, судии од карате клубовите Бонсаи,Спорт 94, Прилеп Баше, Форца,Тиквеш со техничка помош на локалната самоуправа на град Прилеп се одржа јавна демонстрација на карате спортот на кој учествуваа повеке од 200 каратисти од најмлада возраст до репрезентативци носители на медали од Светски, Европски и Балкански првенства подржани од многубројна публика.

Печати

Одржана едукативна спортска работилница на тема: „Кајак“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Монтесори центарот со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ја реализираше првата од предвидените десет едукативните спортски работилници. Работилницата се одржа на 20 октомври (сабота) во кајакарскиот клуб „Ластовица“ во прекрасниот амбиент на вливот на Треска во Вардар. Благодарение на Јавното Сообраќајно Претпријатие –Скопје,  превозот до локацијата беше организиран со минибус. На работилницата присуствуваа 14 деца на возраст од 4 до 10 години под водство на двајца Монтесори педагози од Македонското Монтесори Здружение. Исто така на работилницата присуствуваше Директорот на Агенцијата за млади и спорт г- дин Лазар Поповски  со дел од тимот, како и претставник од Кајакарската федерација на РМ, г-дин Атанас Николовски.

Печати

Присуство на Директорот на Агенцијата за млади и спорт на работилница за спортска едукација на најмладите

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски денеска присуствуваше на првата работилница од проектот за спортска едукација на најмладите, организиран од македонското Монтесори Здружение.


На денешната работилница за кајак, Директорот им пренесе дел од своето знаење и искуство на најмладите, зборувајќи за основните правила во кајакот,историјата и најуспешните достигнувања на кајакарите .Воедно, децата беа заинтересирани да слушнат и повеќе за неговите успеси и развој, како спортист.

Печати

Интервју со Ванчо Димовски-македонски репрезентативец во ракомет

вклучено . Објавено во Соопштенија

Димовски: Фалангата ни е потребна во Шпанија

Отворањето на Спортската академија е позитивен чекор бидејќи да се насочи талентирано дете на 14 години кон она што го сака е вистински предизвик, а неговото одржување кон вистинскиот пат секогаш ќе резултира со успех- вели Димовски

Печати

АМС годинава инвестира 6,5 милиони денари во училишните спортови

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска(17.10.2012), во салата на Кошаркарскиот клуб Работнички, со ревијалниот кошаркарски  ALL-STAR натпревар меѓу екипата составена од ученици од средните стручни училишта од Скопје и екипата од гимназиите од Скопје, официјално беше означен почетокот на средноучилишните лиги на Град Скопје за учебната 2012/2012 година. На официјалното отворање присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски заедно со градоначалникот на Град Скопје, г-нот Коце Трајановски под чија надлежност потпаѓаат средните училишта во главниот град.

Печати

Настап на националниот кик бокс тим на Европското Првенство во Турција

вклучено . Објавено во Соопштенија

КИК БОКСИНГ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА информира за учество на националниот тим на првиот дел од Европското првенство кое ќе се одржи во Анкара-Република Турција од 28.10 до 05.11.2012 год. Македонија ќе ја претставуваат следните репрезентативци во лоу кик, К1 и лајт контакт дисциплините од кик бокс спортот. 

K1 Бобан Лукач,Мики Ивановски

Лоу кик Ненад Манојловски, Аријанит Селими, Далибор Огненов, Димитар Георгиев

Лајт контакт Оливер Трпковски, Гордана Цветковска Бошевска, Адем Адеми, Благоја Петрушевски

Со репрезентацијата ќе патуваат и тренерите Тони Бошевски и Александар Стојковски , како и меѓународните судии Арбен Јонузи, Љупчо Стојчевски и Драган Атанасовски заедно со претседателката Александра Неделковска.

 

Печати

Посета на Спортската Академија во фудбал

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес, четврток 25.10.2012 година со почеток во 09.30 часот, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, како и директорот на Македонската фудбалска репрезентација, Петар Милошевски, на фудбалското игралиште Алумина ги посетија учениците-спортисти од Спортската академија од паралелката фудбал.

Печати

СЕМИНАР АНТИ-ДОПИНГ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Покана: СЕМИНАР – Анти-допинг  

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Ве информира дека како дел од активностите за оваа година кои произлегуваат од Програмата за работа на Комисијата за анти-допинг при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, предвидено е одржување семинар на тема – „Допингот во спортот“.

Печати

Промотерите говорат за Спортската Академија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Оваа  година за прв пат, во координација на Агенцијата за млади и спорт, Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука,  започна со работа Спортската академија во склоп на Државното средно училиште Методија Митевски-Брицо.

Првата година запишани се 111 ученици, распределени во пет паралелки : фудбал, кошарка и тенис  и две паралелки ракомет.

Целта на овој проект е преку избор на најталентираните ученици, од најрана возраст да се едуцираат и оспособат за постигнување врвни спортски резултати, со што во иднина би биле дел од  националните спортски селекции за фудбал, кошарка, ракомет и тенис.

Печати

Интервју со Наумче Мојсовски-македонски репрезентативец во ракомет

вклучено . Објавено во Соопштенија

Добро е што и кај нас се сетија дека е потребна Спортска академија

Измените на Законот за спорт ќе донесат само позитивности, бидејќи преку него, конечно и ние спортистите ќе имаме заштита. Не е лесно да се игра повеќе од 20 години, како што е примерот со Стевче Алушовски кој има скоро 40 години, активно игра повеќе од пола од нив, а нема ниеден ден стаж- вели Мојсовски

Најпрво честитки за победата над Силкеборг во Данска во Лигата на шампионите. Сите бевме сведоци на неправедноста која се одвиваше на теренот. Како Вие како директно засегнати спортисти ги доживувате направидите?

Мојсовски: Како и секој спортист, така и ние тешко ги доживуваме неправдите, но мора да се продолжи натаму со играта. Катастрофално е тоа што ни се случи во Данска, но правдата на крај победи, а така и ние. И покрај тоа што судиите неретко одлучуваат кој ќе биде победник.

Печати

ЧЕСТИТКА ДО ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани членови на Фудбалската репрезентација на Македонија,

Агенцијата за млади и спорт Ви ја честита победата против фудбалската репрезентација на Србија.

По несреќните порази од Фудбалската репрезентација на Хрватска, овој пат Вашата умешност и знаење дојде до израз и со победата против Србија, покажавте како се игра со срце на терен.

Воедно Ви посакуваме оваа победничка атмосфера да Ве следи до крајот на квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.

Ви посакуваме од срце.

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија