Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Државна награда за спортот "8 Септември"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција, на која беа презентирани активностите за доделување на државната награда ”8 Септември ”.Одборот во состав проф. д-р Зоран Радиќ - претседател, проф.д-р Ленче Алексовска - член и Арѓент Беќири - член ја објаснија потребата од воведување на ваква државна награда која ќе ги опфати спортистите, тренерите, селекторите и спортските работници во Република Македонија. На прес-конференцијата учество зема и директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски.

Одборот истакна дека доделувањето на државната награда 8 Септември е регулирана со Законот за државните награди. Исто така, одборот посочи дека ќе се доделуваат најмногу до пет награди на спортисти, тренери, селектори и спортски работници, од кои едната награда ќе биде за животно дело за исклучителен придонес во развој на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Паричниот износ на државната награда ”8 Септември” е десет просечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година, додека паричниот износ на државната награда ”8 Септември ” за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеци на тековната година.

Иницијативата за доделување на државна награда ја доставува матичната национална спортска федерација, подржана од најмалку десет национални спортски федерации.

Воедно, за важноста од оваа државна награда на прес-конференцијата говореше и директорот на Агенцијата за млади и спорт кој напомена дека во досегашната 20 годишна историја на Република Македонија, ниту еден спортист нема добиено од другите државни награди кои ги доделува Република Македонија. Исто така, директорот Поповски во својот говор дополни дека се надева со оваа државна награда ќе се придонесе во понатамошниот избор на академик од областа на спортот. 

Одборот за доделување на државната награда ”8 Септември ” е во состав: проф. д-р Зоран Радиќ - претседател, проф.д-р Ленче Алексовска – член, Арѓент Беќири – член, д-р Томислав Андоновски-член, проф.д-р  Иса Аслани, Горан Атанасовски – член, д-р Сашо Поповски, Пепи Манасков-член, Гордана Нацева – член, Ѓорѓе Војновиќ – член, Горан Милковски – член, Драган Дојчиновски - член и доц.д-р Висар Ганиу.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија