Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Струга домаќин на 40-от меѓународен ракометен турнир

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во градот Струга, кој е познат по браќата Миладиновци и по Струшките вечери на поезијата, од 15 до 18 август 2012 година ќе биде познат и по 40-от по ред меѓународен  ракометен турнир.  По тој повод се одржа пресконференција во хотел Дрим, на која прес-конференција беа презентирани активностите и деталите за 40-от традиционален  ракометниот турнир.

Годинава организациониот одбор со подршка од Агенцијата за млади и спорт успеа да го подигне нивото на турнирот на многу повисоко ниво за разлика од минатите години.

На прес конференцијата во своето обраќање претседателот на организациониот одбор Лилјана Затуроска истакна дека меѓународниот турнир во ракомет ја брендира Струга на спортска и секако туристичка карта.Тој претставува еден од најголемите аниматори но и извор на ракометари кои со сета своја спортска душа го вивнаа македонскиот ракомет како рамноправен партнер на европскиот и светскиот ракомет. Оваа година според начинот на организацијата и квалитетот на екипите на најдостоинстев начин ќе го одбележи својот 40 роденден. Придобивките за Струга од овој турнир се многу големи, од развивањето на спортскиот дух, па се до туристичката промоција, на потенцијалите на Струга – заврши во своето обраќање претседателот на Организациониот одбор.

Во Струга на турнирот, покрај домаќинот РК Струга и првакот на Македонија Металург, ќе настапат и првакот на Белорусија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Минск, Брест Мешков - второ пласиран тим во Белоруското првенство, и годинешен учесник во Ехф купот и Сеха лигата, Данкерк од Франција - финалист на Ехф купот, Дадеман Бакау од Романија- второ пласирана екипа во Романското првенство и учесник во Ехф купот.

Натпреварите ќе се играат од 15 до 18 вгуст во вечерните часови на ракометното игралиште на Женска Плажа од 19 часот и 20.30 минути, кое за оваа потреба ќе биде реновирано со специјална гумена подлога по стандардите на ЕХФ.

Во изминатиот период, на турнирот учествувале и го освојувале познати европски ракометни екипи, но поради немање доволно финансии последните години квалитетот на турнирот опадна. Оваа година благодарение на Агенцијата за млади и спорт и на голем број ракометни работници, турнирот го враќа стариот сјај.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија