Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  Музејот на град Скопје е местото каде денес беше отворена изложбата...

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019 година

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за...

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и...

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на...

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на...

  • Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

    Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  • Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

    Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019...

  • Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

    Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

  • Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

    Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на...

  • Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

    Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Печати

Општина Василево доби ново спортско игралиште

вклучено . Објавено во Соопштенија

На ден 12.07.2012 година (ЧЕТВРТОК), на свечен начин, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, заедно со заменик министерот за локана самоуправа г-дин Сашо Лазаровски, државниот секретар во министерството за животна средина, г-ѓа Соња Липиткова и директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Лазар Поповски, го пуштија во употреба новоизграденото повеќенаменско игралиште во центарот на Пиперево. 

Заменик министерот Лазаровски во своето обраќање пред присутните позитивно оценувајќи го вкупниот развој на општина Василево маѓу другото нагласи дека ова е рурална општина со тенденција на урбан развој.

Задоволство од успешно завршените активности изрази и градоначалникот Стојанов: „Како градоначалник, задоволство ми е кога некоја активност ќе успееме да ја реализираме. Во овој случај задоволството е поголемо бидејќи се работи за објект со кој на младите им нудиме алтернатива за корисно исполнување на времето, наспроти пороците на современото живеење, нудиме катче за одмор и дружење на сите генерации. Изградбата на овој терен е показател дека спортот зазема битно место во плановите и програмите на локалната самоуправа, показател на заложбите на општината да инвестира во сите сфери зависно од потребите на граѓаните“.

Веднаш по пуштањето на игралиштето, започна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ч`карче“, кој годинава по осми пат се игра во спомен на младиот Славе Стојанов.

Првиот шут кон голот го упати директорот на АМС, кој и на овој начин ја покажа успешната заедничка соработка, како и поддршката што Агенцијата и ја дава на општина Василево во нејзините активности од областа на спортот. 

Градоначалникот, заедно со државниот секретар Липиткова и таткото на Стојанов, во негов спомен, во центарот пред Домот на културата засадија дрво кое ќе го симболизира пријателството и младоста. Вредноста на инвестицијата, која освен игралиште оградено и опремено со рефлектори за ноќно играње опфаќа и уредување на околниот простор, поплочување со бехатон плочки на просторот пред Домот на културата и обнова на фасадата на Домот, изнесува околу 2 800 000 ден.

Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од буџетот на општина Василево.

 

                                                                                             СО ПОЧИТ,

                                                                    ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија