Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото...

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по...

Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

Денес во кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија се...

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски присуствуваше на...

Одбележан

Одбележан "Ден на млади"

По повод Меѓународниот ден на млади, се одржа настан организиран од страна...

  • Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

    Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

  • Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

    Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите...

  • Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

    Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

  • Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

    Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

  • Одбележан

    Одбележан "Ден на млади"

Печати

Прием за познатиот американски НБА тренер и менаџер Ренди Фанд

вклучено . Објавено во Соопштенија

Randy FundДенес, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски организираше прием за познатиот американски НБА тренер и менаџер Ренди Фанд со кој разговараа на тема ”Развој и напредок на македонската кошарка”.

Директорот Поповски во разговорот му ги презентираше успесите на македонската кошаркарска репрезентација со учество на три европски првенства и освоено четврто место на последното Европско првенство во кошарка. Покрај тоа директорот Поповски целосно го презентираше и го образложи проектот “Спортска академија” во кој се планира да се создаваат идни кошаркарски ѕвезди на Македонија.
Ренди Фанд се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и во својот говор исткана дека му претствува големо задоволство што е повторно во Македонија. Тој истакна дека Директорот Поповски има визија за развој на спортот во сите сфери на општеството и со него спортот оди во правилна насока, Фанд, додаде дека секогаш ќе стои на располагање за подршка на македонската кошарка зошто претставува предизвик да се работи со млади категории од овие простори и го посочи Владе Дивац како еден од примерите со кој работел во редовите на Лос Анџелес Лејкерс.
На крај, Директорот Поповски му се заблагодари за посетата на Република Македонија и му подари вино со ликот на Александар Македонски, а тренерот Ренди Фанд во знак благодарност му подари дрес од НБА кошаркарот Двејн Вејд.

Како дел од програмата за престојот на Ренди Фанд претставува денешното предавање од 18.30 часот во СЦ “Борис Трајковски”- конгресна сала, кое предавање ќе биде теоретски и ќе биде проектирано пред присутните на видео-бим со директни насоки и примери за организацијата на кошаркарските клубови и работа со млади категории.

Теми на предавањето:

  • Организација и работа на еден професионален кошаркарски клуб
  • Работа со млади категории во кошарката

 

Поканети да присуствуваат на овие предавања се сите тренери на младинските и сениорските кошаркарски клубови во Македонија, како и административците на клубовите, кои ќе имаат можност да ги усовршат организациските квалитети и да ги подигнат нашите клубови на повисоко ниво на функционирање. Влезот е бесплатен и поканата е за секој заинтересиран.

Ренди Фунд е поранешен помошник-тренер на Лос Анџелес  Лејкерс под водство на Пат Рајли и Мајк Данливи, а воедно беше и прв тренер на Лос Анџелес Лејкерс во натпреварувачките сезони 1992/93 и 1993/94 година. Ренди Фунд беше генерален менаџер и на Мајами Хит со кој освоија шампионска титула во сезоната 2005/06.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија