КОНКУРС за доделување средства за 2013 година
Се објавува Kонкурс за доделување средства за 2013 година, од:
1.Програма за развој на спорт и млади за 2013 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/13) и
2.Програма за распределба на средства од игри на среќа и за забавните игри за 2013 година за финансирање на националните спортски федерации, спортски клубови и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/13).
1. Програма за развој на спорт и млади за 2013 година
1. |
Партиципација за финансирање на меѓународни програми на националните спортски федерации – врвен спорт |
Средствата се наменети за ограничена поддршка на програмите на националните спортски федерации заради остварување норми на потенцијални спортисти и национални тимови за учество во рамки на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година, вклучително спортисти и национални тимови кои со своите настапи во рамки на меѓународниот систем на натпревари може да се стекнат со категорија – спортисти од светска и меѓународна категорија |
2. |
Партиципација за финансирање на прворангирани клубови во националниот систем на натпревари |
Средствата се наменети за финансирање на тренажните процеси на највисоките младински категории во прворангираните клубови заради нивно учество во рамки на меѓународен систем на натпревари |
2. Програма за распределба на средства од игри на среќа за 2013 година
1. |
Партиципација за финансирање на националните спортски федерации заради обезбедување нивна функционалност и за функционирање на националниот систем на натпревари |
Средствата се наменети за партиципација заради обезбедување непречена функција на националните спортски федерации, а се насочени за: партиципација за стручна работа на генералните секретари и административци; обезбедување просторни услови; функција на органи и тела во федерациите како и за функционирање на националниот систем на натпревари |
2. |
Партиципација за финансирање на националните спортски федерации за стручна работа со спортисти поединци и национални тимови |
Средствата се наменети за партиципација на националните спортски федерации за финансирање на стручна работа со спортисти поединци и национални тимови |
3. |
Партиципација за организација на трaдиционални спортски натпревари и манифестации |
Средствата се наменети за партиципација во финансирањето на традиционалните спортски натпревари и манифестации организирани во Република Македонија од страна на националните спортски федерации кои се од јавен интерес за спортот |
4. |
Партиципација за финансирање проекти за поддршка на талентирани млади спортисти |
Средствата се наменети за партиципација за поддршка и промоција на проекти на националните спортски федерации, клубови и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот кои ќе промовираат и реализираат активности за откривање, рана спортска специјализација и грижа за млади талентирани спортисти во повеќе спортови со приоритет на развој на училишниот спорт, реализација на спортски кампови организирани за талентирани ученици и кампови за спортска специјализација на млади спортисти организирани од страна на националните спортски федерации |
Апликациите за учество на „Конкурс 2013 година“ се преземаат на интернет страната на Агенција за млади и спорт www.ams.gov.mk во кои е даден опис на ставки по кои ќе се раководите.
Апликациите за учество на „Конкурс 2013 година„ треба да се достават најдоцна до 01.02.2013 година на адреса:
Агенција за млади и спорт
ул: „Франклин Рузвелт“, бр. 34
1000 Скопје
со назнака : ЗА „КОНКУРС 2013 “
Доставените материјали за КОНКУРСОТ не се враќаат.
ДИРЕКТОР
м-р Лазар Поповски