Најава за прес-конференција
Во Агенција за млади и спорт, на 15 јануари 2013 година, вторник, во 11 часот, ќе се одржи прес-конференција по повод донесувањето на 5 годишната Програма за развој на спортот во Република Македонија за период 2013-2017 година и отпочнување на гласањето за избор на „Спортист на годината“, во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, а под покровителство на Агенција за млади и спорт.
Покрај директорот м-р Лазар Поповски на прес-конференцијата ќе присуствува и генералниот секретар на ССФ Борче Боев.
Се покануваат медиумите да го проследат пресот.
Одделение за односи со јавноста и протокол при
Агенција за млади и спорт