Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ ЗА ГРАД СКОПЈЕ“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Град Скопје и Регионот Долна Нормандија – Франција,  се одржа Конференција на тема „Политика за млади за Град Скопје“, што е дел од неодамна почнатите активности за имплементација на проектот „Креирање на Локална младинска стратегија за Град Скопје“.

Целта на проектот е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локална младинска стратегија на Град Скопје, а на Конференција поздравен збор одржа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Во изминативе години, Градот Скопје направи голем исчекор во соработката со младите, обидувајќи се на разни начини да ги стимулира, активира и да ги охрабри да ја заземат позицијата во општеството којашто природно им припаѓа. Поддржани се голем број невладини организации кои токму младите ги имаат во својот фокус на интерес, за преку неколку проекти да им се олеснат информациите поврзани со образование, претприемништво, за започнување на сопствен бизнис, за професионална ориентација...Свесни дека институциите се тие кои први треба да им дадат можност на младите, годинава Градот Скопје, согласно  со препораките од Националната стратегија за волонтерство почна да ангажира и да волонтери. Тоа, според мене, е извонредна можност за нив преку пракса да видат како функционира локалната самоуправа, но и да се стекнат со знаења и вештини кои подоцна ќе им помогнат при вработување. Затоа, сметам дека Стратегијата за Млади на Град Скопје  треба да претставува вистинска артикулација на потребите на младите во нашиот Град, но и да го поттикне кај младите концептот на активен граѓанин како потреба на нашето општество. Затоа ме радува што ве гледам овде во толкав број, бидејќи вашата партиципативност во овој стратешки документ, на некој начин претставува гаранција дека заедно ќе ја постигнеме целта, истакна градоначалникот Трајановски.

Конференцијата ја отворија и Лазар Поповски, директор на Агенција за млади и спорт на Република Македонија, Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА и Audrey Paulmier, одговорна за соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија - Регионален Совет на Долна Нормандија.

- Агенцијата за млади и спорт, како учесник во спроведување на проектот Креирање локални младински стратегии, помогнавме во креирањето на овие стратегии во 10 општини во Република Македонија: Свети Николе, Илинден, Кисела Вода, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Штип и Радовиш.

Овие стратегии се со цел да се утврдат потребите на младите, нивно активно учество во решавањето на нивните проблеми на локално ниво и во повеќе сегменти како образование, вработување, социјална вклученост, здравје, спорт, волонтерство итн. Согласно со Европска Повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот, Агенцијата за млади и спорт, посветено работи за тоа, учеството на младите во локалниот живот да биде еднакво, конструктивно и продуктивно. Еден од проритетите и на Националната стратегија за млади, како и Акционот план за имплементација на стратегијата за млади изработени под водство на Агенцијата за млади и спорт и основни документи според кои ја спроведуваме политика за млади е токму креирањето на локални младински стратегии. Агенцијата за млади и спорт дава несебична поддршка и на овој проект за Креирање на локална младинска стретегија за Град Скопје. Градот Скопје е посебна и развиена единица во која младите можат да ги развиваат своите потенцијали и знаења. Поради тоа го поддржуваме овој проект со кој ќе се дефинираат конкретни инструменти, политики, програми и механизми за учество на младите во развојот и напредокот во Скопје. Со тоа, се дава една практична насока на идното уредување на активностите на младите и на Градот Скопје, рече директорот на АМС, Поповски.

И г-ѓа, Палмиер, одговорна за соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија - Регионален Совет на Долна Нормандија, се сложи дека креирањето на Стратегија за млади и организацијата на една ваква конференција е од особено значење за прецизирање на начините и моделите како полесно да се одредат нивоата на кои ќе се инфилтрираат младите во општествената заедница  и посочи дека ова е приоритетно прашање и во Долна Нормандија.

Коалицијата СЕГА работи на креирањето политики за полесно вклучување на младите во општествениот живот, последниве 10 години, а од 1-ви ноември  годинава активно работи на изготвувањето на Стратегијата за млади на Град Скопје, истакна Зоран Илиевски, потенцирајќи дека ова е прва конференција на тема „Политика за млади за Град Скопје“, и значи почнување на процесот на конструктивно осмислување на локалната Стратегија што треба да биде патоказ за идните одговорни луѓе на Скопје како да ги воведат младите во општествено-социјалниот живот на овој град.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија