Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Агенција за млади и спорт почна со реализација на проектот „Пороците кај младата популација како алкохолот и дрогата“

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 26 ноември 2012 година, започна реализацијата на проектот Пороците кај младата популација како алкохолот и дрогата на територијата на општина Аеродром, во соработка со Клиниката за токсикологија, експерт по едукација на млади за превенција од употреба на дроги и алкохол и познати спортисти.

 Основното училиште Блаже Конески е првото училиште во кое беше одржана едукативна работилнинца заедно со учениците од 6-то одделение, кои внимателно и заинтересирано учествуваа во работилницата.  Следниот термин е повторно ОУ Блаже Конески, со учениците од 7-мо и 8-мо одделение, а потоа следуваат и едукативните работилници во сите останати училишта во општина Аеродром. Вкупниот број на ученици кои ќе бидат опфатени во општина Аеродром е околу 1400 ученици. Целта на проектот е подигнување на свеста кај учениците за заштита и превенција од пороците во денешно време, едукација и информирање  на  младите луѓе за негативните појави и последици од пороците, подигнување  на  степенот на  знаења  и способности на младите за правилно да  ги препознаат  правите знаци и симптоми на негативните  појави (дрога, алкохол ) и запознавање на младите со корисните и здравите навики и стилови на живеење.

Агенцијата за млади и спорт ќе го реализира овој проект се до крајот на месец декември, кога ќе бидат опфатени сите училишта во општина Аеродром. По спроведувањето на проектот во општина Аеродром, неговата реализација продолжува и во општина Ѓорче Петров.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија