ЗАПОЧНУВА ЕВРОПСКОТО КИК-БОКС ПРВЕНСТВО (2дел) ВО БУКУРЕШТ- РОМАНИЈА
Кик Боксинг репрезентацијата на Македонија од 27.11.2012 до 2.12.2012 год. ќе земе учество на вториот дел од Европското првенство во кик бокс кое се одржува во градот Букурешт –Романија. Европското првенство ќе се одвива во семи контакт , дисциплина која го смени името и сега се вика ПОИНТ ФАЈТ , кик лајт и фул контакт дисциплините од кик бокс спортот.
Македонската репрезентација ќе земе учество во поинт фајт и во кик лајт, а ќе ја претставуваат следните натпреварувачи :
КИК ЛАЈТ
1. Кристина Стојчевска -55кг
2. Стефка Јанковска -60кг
3. Гордана Ц Бошевска -65кг
4. Ненад Манојловски -69кг
5. Димитар Ѓоргиев -75кг
ПОИНТ ФАЈТ
6.Милан Кубин -84кг
Со репрезентативците патуваат и тренерите Димче Кичевски, Тони Бошевски и Александар Стојковски како и меѓународниот судија Драган Атанасовски кој ќе ја дели правдата на Европското првенство.
Репрезентативците се одлично подготвени и се очекуваат медали. Сите се искусни натпреварувачи освен Милан Кубин кој ќе дебитира на Европското првенство. Димитар е носител на злато од Светското првенство во Скопје 2011год и се очекува да го повтори успехот на овој настан