Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Поставен камен-темелник за изградба на нова спoртска сала на Државниот универзитет во Тетово

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Муса Џафери, министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети како и заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт, Февзи Мани, денеска (24.11.2012), во Тетово, го поставија камен-темелникот за изградба на нова спортска сала Младост за потребите на Државниот Универзитет во Тетово.

Директорот Поповски, рече дека со изградбата на спортската сала “Младост” ќе се придонесе за развој на универзитетскиот спорт.

- Изградбата на спортска сала ќе биде голема придобивка за целиот универзитетски кампус во Тетово. Во неа, студентие ќе имаат одлични услови за да се занимаваат со спорт, како што го прават тоа нивните колеги од европските и светските универзитети. Но, ние нема да застанеме тука во вложувањето во универзитетскиот спорт. Со позасилено темпо ќе продолжиме понатака во насока на развивање на спортот. Во следниот период ќе продолжиме и со изградба на спортска сала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј- рече Поповски.

Новата повеќенаменска сала, според договорот кој го потпиша Агенцијата за млади и спорт со фирмата која беше избрана на јавен повик, Алкон проект ДООЕЛ-Скопје, треба да биде завршена и пуштена во употреба за 12 месеци. Таа ќе биде опремена и со спортски реквизити за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, тенис, гимснастика и пинг-понг. Предвидено е од едната страна да има и трибина со капацитет од 500 гледачи.

За изградба на новата спортска сала Младост, Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, одвои 36 милиони денари.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија