Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Трета последователна донација на Агенцијата за млади и спорт за Домовите за деца без родители

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, денеска во 12 часот и 30 минути го посети Домот за деца без родители 25-ти Мај. Целта на посетата беше продолжување на хуманитарната акција за донација на спортска опрема во јавните установи за згрижување и рехабилитација на деца.

Со оваа донација, Домот за деца без родители "25-ти Мај", од Агенцијата за млади и спорт доби две пинг-понг маси, четири пинг-понг сетови, 30 пинг-понг топчиња, по четири фудбалски и кошаркарски топки, по две одбојкарски и ракометни топки, два дигитални фото-апарати, една дигитална камера, по шест шаховски и бекгејмон дрвени табли, по четири домино и "Guess who adult" социјални игри, како и по еден мини систем DVD,  ЛЦД Проектор, платно за проектор, како и торбица за проектор.

Целта на оваа донација е да се поттикне спортската иницијатива и социјализацијата кај штитениците на Домот за деца без родители "25-Мај Скопје".

Агенцијата за млади и спорт и понатаму ќе продолжи со своите донации кон овие институции. На 03.12.2012 година Агенцијата за млади и спорт ќе го посети Посебното основно училиште "Иднина", по повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, а потоа следниот ден на 04.12.2012 година акцијата ќе продолжи во Посебното основно училиште   "д-р Златан Сремец".

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија