Македонските спортисти спортски ја засадија иднината
Агенцијата за млади и спорт, ја поддржа и десеттата акција Ден на дрвото- Засади ја својата иднина, која се одвива под мотото Спортски е да се сади. На неколку локации, претставници од Агенцијата за млади и спорт заедно со нашите најпознати спортисти се приклучија на акцијата по повод Ден на дрвото.
Во 11 часот и 30 минути, македонските репрезентативни ракометари Намуче Мојсоски, Филип Миркултовски и Ванчо Димовски, заедно со боксерите Вели Мумин и Примислав Димовски, како и поранешниот борач Живко Дуковски, засадија дрвца во новиот парк Македонија на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во општината Карпош, заедно со премиерот на Република Македонија м-р Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје г-нот Коце Трајановски.
Во 12 часоти 30 минути, директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски и министерот за внатрешни работи, г-ѓа Гордана Јанкуловска, го пошумија дворот на Министерството за внатрешни работи на падините на планината Водно заедно со кошаркарите Војдан и Огнен Стојановки и Кире Николовски, како и боксерите Примислав Димовски и Вели Мумин.
Спортистите беа активни и на акцијата која секоја година се одвива на Ајватовски рид, во атарот на селото Мршевци. На оваа локација во 12 часот и 30 минути, дрвца посадија некогашните македонски ракометни шампионки Анжела Платон, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Андријана Будимир, како и кајакарот Атанас Николовски, пливачот Нико Нестор и двајцата младински репрезентативци и кошаркари на КК Работнички, Никола Гоговчевски и Ненад Станковски и првотимецот на КК Работнички Омонди Амоти, заедно со Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески.
Акцијата заврши во дворот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов во 13 часот и 30 минути, каде заедно со боксерите Вели Мумин и Примислав Димовски беа засадени неколку дрвја.
Нашата златна пара-олимпијка Оливера Навока-Биковска, садеше дрвја заедно со градоначаникот на општина Битола, г-нот Владимир Талевски.
Ова е десетта акција преку која се пошумува Република Македонија, петта година по ред.