Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Ќе се градат нови спортски сали во Скопје - базени во Крушево и Охрид

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски на отворената седница на Владата најави изградба на мала спортска сала во рамките на Државното училиште за физичка култура - Методи Митевски Брицо во Скопје, спортска сала на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и мал базен во Крушево и базен во Охрид.  

Поповски информираше дека потребата за спортската сала во средното фискултурно училиште произлегува пред се од проектот „Спортска академија“ која стартуваше од септември оваа година. Во петте паралелки има 105 ученици.

- Во моментов се гради нов амфитеатар и две училници како поддршка на образовниот процес, а исто така има потреба и од една мала спортска сала во вредност од 22 милиони денари. Тоа е проектирана цена. Седумнаесет милиони денари се обезбедени со буџетот за следната година, а останатите ќе бидат исплатени во 2014 година. Имаме позитивно мислење од финансии и во најбрзо можно време ќе обезбедиме одобрение за градба бидејќи веќе разговаравме со општина Центар, рече Поповски кој побара од Владата одобрение за јавна набавка.

Градбата на салата би започнало по спроведувањето на јавната набавка за избор на изведувач, како што рече тој, некаде на почетокот на градежната сезона крајот на февруари почетокот на март.

Рокот за градба ќе биде шест месеци и според планираното салата би требало да биде пуштена во употреба до септември следната година.  

- Се работи за помала спортска сала. Нема бетонски работи што значи скратување на рокот и е монтажна, значи челична конструкција со панели. Така изградбата е многу побрза, а исто така ќе има и греење за да може да се користи и во зимски услови, изјави директорот на Агенцијата.

На Факултетот за физичка култура, што се наоѓа во истиот комплекс со средното училиште, беше изградена поголема сала, за која деновиве ќе биде распишана јавна набавка за нејзино греење.

Во однос на изградбата на спортска сала на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и мал базен во Крушево и базен во Охрид, Попоски информираше до каде се постапките за реализација на овие проекти, како и за проектот за тениски игралишта.

Превземено од новинска интернет агенција Press 24

http://press24.mk/story/sport/kje-se-gradat-novi-sportski-sali-vo-skopje-bazeni-vo-krushevo-i-ohrid

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија