Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Интервју со Дамјан Стојановски-кошаркар на МЗТ Скопје и репрезентативец

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Спортската академија е одличен проект кој дава можност многу деца кои сакаат професионално да се занимаваат со спорт да бидат насочени кон вистинскиот правец - вели Стојановски

КК  МЗТ СКОПЈЕ имаше успешен старт во Јадранската лига. Какви се Вашите очекувања за следните настапи?

Стојановски:Да точно е, имавме одличен старт. Започнавме со победа над Цибона во Загреб, како и Широки во Скопје, а потоа следуваа и четири порази од Будучност, Раднички, Сплит и Црвена Звезда. Но со последните победи против Олимпија и Цедевита се вративме на победничките патеки.  Се надевам дека ќе имаме уште победи во Јадранската лига во следните натпревари. Ние на секој натпревар одиме на победа, а како тој ќе заврши останува да видиме.

Дали во домашното првенство посакувате повторно да ја освоите шампионската титула?

Стојановски: Нашата цел е иста како и минатата година. Сакаме повторно да ги израдуваме нашите фанови и да им донесеме уште една титула. Како тим сме подготвени бидејќи навистина посакуваме втора домашна титула.

На репрезентативен план, имавте одличен настап на Европското првенство во Литванија. Некако се потфрлина квалификациските натпревари во Венецуела. Голем број на репрезентативци најавија повлекување. Кои се идните планови?

Стојановски: По успехот кој го направивме на Европското првенство во Литванија во 2011 година каде го освоивме четвртото место, следуваше пораз на квалификациските натпревари во Венецуела. Не се пласиравме за на Летните Олимписки Игри во Лондон 2012 година и навистина ни е жал што не успеваме да бидеме дел од ова големо случување. Сега ни следува Европското првенство во Словенија каде се надевам дека ќе имаме дури и поголем успех. Точно е дека неколку репрезентативци најавија повлекување, но тоа не треба да не разочарува бидејќи на тој начин ќе дојде до подмладување на репрезентацијата, а ние имаме многу талентирани млади кои имаат што да му покажат на Европа и светот.

Носители сте на група на следното Европско првенство во Словенија 2013 година што создава голема репрезентативна одговорност. Какви се очекувањата од ова Европско првенство?

Стојановски: По одличното претставување на државата на Европското првенство во Литванија станавме носители на групата на следното првенство во Словенија. Самото тоа што сме носители на групата носи голема одговорност бидејќи по нашиот настап во Литванија, сега сите не гледаат со почит, а не како аутсајдери во групата. Се надевам дека на Европското првенство во Словенија ќе имаме можност и шанса да се прикажеме во уште подобро светло од Литванија и дека повторно ќе ги израдуваме нашите македонци, нашата фаланга, кои не се откажуваат од нас и во секој момент ни даваат поддршка.

Направени се измени на Законот за спорт преку кои клубовите треба да се трансформираат во акционерски друштва, со што ќе се дојде до професионализација на спортот. Како Вие ги оценувате измените на законот?

Стојановски: Донесувањето на измените на Законот за спорт според кои клубовите треба да се трансформираат во акционерски друштва, а со самото тоа ќе дојде и до професионализација на спортот го оценувам како позитивен чектор. Само со трансформацијата, ние спортистите ќе бидеме заштитени и ќе уживаме вистински бенефиции. Потребно е сите клубови да се вклучат за еден ден и ние да можеме без никаков проблем да отидеме во пензија, а да не мислиме дали некој ни платил или не пензиско и здравствено осигурување.

АМС започна со реализација на проектот Спортска Академија во која има паралелка за кошарка. Како гледате на овој проект?

Стојановски: Отворањето на Спортската академија од страна на Агенцијата за млади и спорт го сметам за одличен проект. На овој начин им се дава можност на многу млади кои сакаат да тренираат да бидат насочени во вистинскиот правец. Потребно е на талентираните деца да им се дозволи да го работат она во што се најдобри, се разбира со вистинските тренери и тим околу нив. Еден ден тие спортисти ќе бидат гордост за државата.

Што би им препорачале на младите кои се занимаваат или сакаат да се занимаваат со спорт?

Стојановски: На младите кои се занимаваат и сакаат да се занимаваат со спорт би им препорачал да го работат тоа што го сакаат и да тренираат што е можно повеќе бидејќи само со напорна работа ќе го извлечат од себе својот максимум и ќе постигнуваат резултати.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија