Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Интервју со Примислав Димовски, репрезентативец на македонската боксерска репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Димовски: Златниот Гонг е вистински репрезент на боксот и на македонскиот спорт

Оваа година сум вклучен во жири комисијата и тоа навистина ме радува. Сакам и во иднина да бидам вклучен во организацијата на оваа манифестација бидејќи ЗЛАТНИОТ ГОНГ има вредности и претставува вистински репрезент не само на боксот, туку и на македонскиот спорт.

Зошто од сите спортови го одбравте боксот?

Димовски:Боксот е типичен машки спорт кој според истажувањата на американските спортски новинари спаѓа во групата на најтешки спортови. Јас лично го одбрав поради тоа што салата на Боречкиот клуб Скопје се наоѓаше веднаш до моето основно училиште во Автокоманда. Во 1992 година народски кажано “се прелажав” и влегов во салата, но никогаш не се покајав бидејќи сеуште сум тука, секојдневно со боксот.

Зад себе веќе имате 20 годишна кариера. Имате добиено многу медали, награди, признанија. Дали можете да одвоите еден кој ви нејдраг?

Димовски:Да, точно е имам многу медали, многу награди и многу признанија, но секогаш најдраг ќе ми биде првиот медал кој го освоив на Европското првенство за младинци во Труција. Медалот беше бронзен, но за мене беше златен, бидејќи ми беше првенче.

Кога би се вратиле 20 години наназад, што би издвоиле како Ваше најголемо достигнување?

Димовски: Како најголемо достигнување го сметам петтото место на Светското првенство во Милано, Италија, иако тоа е успех во помал ранг, како и бронзениот медал на Европскиот куп во Украина. Но, посебно сум горд што сум единствениот боксер кој во Македонија има четири златни гонга. Тоа е мојот најголем успех.

Јавноста Ве препознава и од кампањата Вистинскиот маж никогаш не удира жена.Кој е Вашиот коментар за насилството врз жените?

Димовски: Јас сум голем противник за насилството врз жената и со нетрпение го очекувам денот кога македонската жена ќе биде заштитена исто како онаа во САД и Скандинавија. Можеби ова за мажите изгледа премногу, но жената заслужува да биде заштитена.

Дали и во приватниот живот имате одбранбен став исто како во боксот?

Димовски: Спортот ме научи многу, пред се да го почитувам противникот и да бидам фер и коректен. Скоро слично постапувам во животот, исто како на рингот.

Во македонскиот спорт изминатиов период има воведено голем број новини. Како Вие, како индивидуален спортист гледате на тоа ?

Димовски: Новините ги оценувам како позитивни, а се случуваат во изминативе пет години, со доделувањата на националните признанија-пензии,спортски стипендии, Спортската Академија и изградбата на спортски објекти. Среќен сум што сега на чело на Агенцијата за млади и спорт е индивидуален спортист, кајакар. Верувам во неговата желба и работа дека ќе се справи со секаков продизвик и ќе ја унапреди состојбата на спортистите и спортските работници. Бидејќи да се биде активен спортист во денешно време значи да се лишиш од убавите работи и да немаш време за ништо друго,освен за спортот. Доколку активно се посветиш на спортот и го избереш за своја професија, тоа значи да оставиш се на страна.

Што може да очекуваме од вас во иднина, кои се вашите планови?

Димовски: Според правилата во аматерскиот бокс, кариерата треба да заврши на 33 години. Јас имам уште само една година, што значи дека веќе од 2014 година нема да можам да боксувам, само доколку не продолжам во професионалниот ринг. Сепак планирам да останам во спортот и да се борам за негов напредок или како тренер или како спортски работник на Боксерската Федерација на Македонија.

За крај, во пресрет сме на 42-то издание на Златниот гонг. Вие сте четирикратен добитник, а оваа година и во жири комисијата. Кое е значењето на Златниот гонг за Вас?

Димовски: Гонгот не е само наш, туку и светски најстар боксерски турнир. Јас се натпреварува во континуитет од 1998 па се до 2010 година каде секоја година бев победник, а четири пати бев и освојувач на Златниот гонг што ми претставува огромна чест. Оваа година не се натпреварувам бидејќи сакам и помладите да го доживеат овој успех.Минатата година тоа му појде на мојот колега, репрезентативецот Фатлум Жута. Можеби ќе се натпреварувам следната година, да го освојам и петтиот Златен гонг и со тоа да ја завршам мојата кариера. Оваа година сум вклучен во жири комисијата и тоа навистина ме радува. Сакам и во иднина да бидам вклучен во организацијата на оваа манифестација бидејќи таа спортска манифестација има вредности и претставува вистински репрезент не само на боксот,туку и на македонскиот спорт. 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија