Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Континуирана обука за наставниците по физичко и здравствено образование, професорите по спорт и спортски активности од средното образование и оделенските наставници

вклучено . Објавено во Соопштенија

Наставниците по физичко и здравствено образование, професорите по спорт и спортски активности од средното образование заедно и оделенските наставници, ќе имаат серија обуки од страна на советниците од Бирото за развој на образование, Факултетот за физичка култура во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Целта на овие обуки кои ќе се спроведуваат на територијата на цела Македонија е да се унапреди и подобри квалитетот на часовите по физичко.  На обуките, професорите добиваат теоретски сознанија и практично демонстрирање на вежби.

На означувањето на семинарот на тема ,,Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование, основа за професионално напредување“, кој се одржа  во спортската сала „Македонски херои“ на Факултетот за физичка култура, присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

- Целта на овие обуки, што нема да бидат само во Скопје, туку на територијата на целата земја и во текот на целата година континуирано, е да се унапреди и подобри квалитетот на часовите по физичко. На овие обуки, покрај тоа што професорите добиваат теоретски сознанија, добиваат практично и демонстрирање на вежби, а она што е новитет е и покажување на определени вежби и спортски активности кои се посовремени, како вежби за пилатес, рече директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазе Поповски посочи дека Агенцијата издвои 500 илјади денари за организација на три семинари, односно обуки на кои ќе присуствуваат повеќе од 800 професори и одделенски наставници кои се поврзани со часот по физичко воспитување.

- Тоа се оние луѓе со кои нашите најмлади допираат до спортот и тие се тие што треба да ги поттикнат, да го зголемат нивниот интерес да се бават со спортски активности, но и да имаат способности и вештини кои се на високо ниво за да можат со тие категории на ученици да работат и да одржуваат ефикасен начин по физичко воспитување, изјави  Поповски.

Продеканката на Факултетот за физичка култура Ленче Алексовска - Величковска истакна дека оваа високообразовна институција сака да помогне да се подигне квалитетот на физичкото образование, а се во функција на здравјето на децата.

- Сепак, децата и адолесцентите се најважни. Преку физичкото образование ќе се избориме против пороците кои постојано се случуваат. Од овој базичен проект најверојатно ќе произлезат и други подпроекти со цел да ги намалиме агресивните тенденции, да се бориме против деформитетите особено што ги има од прво до петто одделение, така што се ќе биде насочено кон подобрување на наставата по физичко образование и тоа да биде во функција на здрава нација, здрави деца, здрави адолесценти, изјави Алексовска - Величковска.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија