Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Интервју со Александар Костоски - кошаркарски репрезентативец на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Интервју со Александар Костоски, кошаркарски репрезентативец на Македонија

Спортистите имаат само позитивни придобивки од трансформацијата на клубовите во АД

Костоски: Отворањето на Спортска академија во која се опфатени деца од 14 години е позитивен чекор, бидејќи многу млади таленти се откажуваат од спортот токму во тие пубертетски денови- вели Костоски

Зошто ја одбра токму кошарката?

Костоски: Мојата примарна љубов е фудбалот и првиот спорт кој почнав да го тренирам беше токму тој. Но, поради здравствени причини не можев да продолжам. Бидејќи сакав да се занимавам со спорт се одлучив за кошарката.Мојот татко има кошаркарско училиште и некако проценив дека тоа е спортот кој јас треба да го тренирам. Но, сеуште моја прва и најголема љубов е фудбалот.

 

Во моментов играте за КК Куманово, дали планирате тука и да останете?

Костоски: Минатата година потпишав договор на една плус една година со КК Куманово. Изненаден сум од позитивноста на кој начин ме прифатија во клубот и општо во градот . Мило ми е што можам да покажам што знам, но и што имам моќност да се надоградувам. Како тим сме амбициозни и сметам дека со напорна работа можеме да ги оствариме нашите цели. Што се работи за во иднина. Досега имав негативни искуства со играњето надвор од Македонија и затоа ми е потребно одреден времески период да сум тука. Сакам да останам да играм кошарка во Македонија се до оној момент додека не добијам понуда која сметам дека ќе биде онаа вистинската.

Од неодамна си и репрезентативец на сениорскиота кошаркарски тим. Како се снајде во овие води, бидејќи знаеме дека беше и младински репрезентативец?

Костоски: Мило ми е што станав член и на сениорската репрезентација. Секако дека бев и младата репрезентација, но сепак сметам дека поголем е предизвикот во сениорската. Многу учам од репрезентативците, поготово од Илиевски и МекКејлеб. Убаво е чувството да ги браниш боите на државата.

Гледавме едно одлично Европско првенство во Литванија, но што се случи во Венецуела, имаше многу шпекулации околку сложноста на тимот?

Костоски: Да и ние самите слушнавме многу работи, но ништо од тоа не е вистина. Ние бевме и останавме сложни. Дружбата меѓу нас е голема. Како проблем би рекол дека ни беше тоа што додека се подготвувавме за европското првреснтво заедно трениравме два месеци. За натпреварите во Венецуела имавме многу малку време, околку еден месец. Многу од кошаркарите почнаа да тренираат само што има завршија сезоните, немаа ни еден ден одмор. Бидејќи на сите сезоните ни завршуваат во различно време. Многу ни е криво што не успеавме да се пласираме на Олимпијадата и да го развиоревме нашето знаме во Лондон. Имаме потенцијал бидејќи, а тоа ни го покажа и фактот што Дрим тимот на САД едвај ја победи Литванија која ние два пати ја поминавме без никаков проблем. НО, тоа е тоа следуваат нови генерации кои можеби ќе ни овозможат да ичествуваме на следната Олимпијада.

Агенцијата за млади и спорт направи измени на Законот за спорт во кои клубовите треба да се трансформираат во Акционерски друштва. Дали како професионален спортист ги чувствувате придобивките и како гледате на трансформацијата?

Костоски: Овие измени кои се направени во Законот за спорт се навистина позитивни, од проста причина што ние како професионални спортисти не можеме да отидеме ни на лекар при најмала настинка. Позитивно го оценува и тоа што ќе ни тече стаж, бидејќи може сега не размислуваме, но ќе дојде ден кога ќе треба да се пензионираме, а нема да можеме да земеме никаква пензија.

Агенцијата за млади и спорт отвори и Спортска Академија. Како Вие како спортист гледате на овој проект?

Костоски: Спортската академија ја оценувам за позитивен потег бидејќи младите спортисти се спортски некултурни и потребно е да имаат пример за тоа како да се однесуваат. За да функционира се во најдобар ред потребни се и квалитетни кадри кои ќе ги насочат младите од 14 години кон правилниот начин на живот на професионалните спортисти. Пробелм имаме во денешно време што младите немаат каде да тренираат и кога ќе дојдат на онаа возраст на пубертетски денови, многу таленти се откажуваат од спортот. Затоа сметам дека ова е проект кој треба да се негува и од година во година да се надоградува. Бидејќи само на овој начин можеме да создадеме прфесионални спортисти кои ќе остават белег во идните светски, европски и олимписки натпреварувања. 

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија