Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  Музејот на град Скопје е местото каде денес беше отворена изложбата...

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019 година

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за...

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и...

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на...

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на...

  • Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

    Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  • Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

    Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019...

  • Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

    Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

  • Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

    Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на...

  • Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

    Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Печати

Конкурс за млади уметници

вклучено . Објавено во Соопштенија

umetnici11

KОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2020 на која Агенцијата  ги повикува сите млади  визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела.

Целта на овој конкурс е анимирање, промоција и стимулирање преку награди на младите македонски уметници.

Сите заинтересирани, можат да земат учество во две старосни категории: од 15 до20  и од 21 до 29 годишна возраст.

Комисијата ќе ги разгледа сите пристигнати апликации но ќе ги земе во предвид за награди и изложување само делата што одговараат на условите на конкурсот!

При одлучувањето, комисијата ќе ги оценува: талентот, оригиналноста, мајсторството на изработката, соодветноста на избраниот медиум во однос на идејата и вкупниот впечаток што го остава изложеното дело.

Услови за аплицирање на конкурсот според категории:

  1. СЛИКАРСТВО 

Делото треба да не е поголемо од 200х200 см,

  1. СКУЛПТУРА

Скулптурите или делата од други уметнички дисциплини изразени во простор (тридимензии) спремни за изложување, без ограничувања во однос на димензии, материјали или техника на изработка, доколку делото има текстуален дел , истиот треба да биде доставен во печатена форма, За делата што бараат посебни услов и при изложувањето  кандидатот треба да достави спецификација (пожелно е присуство на авторот при поставката на изложбата),    

  1. ГРАФИКА

Делото треба да е со димензии не поголеми 100х70, направено со употреба на какви било традиционални техники за печатење, вклучително и скриптирање, литографија, гравирање, колапс, монотип, електро-гравирање, дрвокрака, фотополимер, итн, Дигиталните отпечатоци (отпечатоци направени со печатач) не се прифаќаат. Сепак, дигиталните процеси можат да се користат за елаборирање на отпечатоци што традиционално се печатат. Ако делото е составено од повеќе делови, уметникот е задолжен правилно да  го обележи редоследот на нивното претставување како и нивна поставеност.

  1.    ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН  (плакат)

Делото да не биде помало од А4 и не поголемо од 50х70 цм,

  1. ФОТОГРАФИЈА

Покрај принт, фотографијата да биде испратена и во дигитален JPG формат со големина 2000 пиксели @ 72 dpi (ширина за хоризонтални или висина за вертикални фотографии), минимална димензија за принт 30 цм (ширина за хоризонтални или висина за вертикални фотографии), задолжително да се наведе наслов и краток опис за фотографијата

 Делата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативни ракопис. 

Изложбата по шести пат ќе се  реализира оваа  година, а има за цел да ги поддржи и стимулира младите во продуцирање на современо ликовно творештво, но и да направи пресек на современата ликовна продукција  на најмладата  генерација визуелни уметници.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади автори и групи на возраст од 15 до 29 години, да  достават свое дело на конкурсот. Секој кандидат учествува со по едно дело. Изложбата е селективна, а жирито ќе додели по една награда за уметнички достигнувања за петте дисциплини, во износ од  40,000 денари во категорија од 21 до 29 години, и по 30.000,00 денари во категорија од 15 до 20 години

Изложбата Young art 2020  ќе биде поставена по завршување на конкурсот.

Секој автор своето дело треба да го достави соодветно опремено (без да се гледа неговата сигнатура, доколку делото има потпис на предната страна, суптилно без да дојде до оштетување да биде покриен потписот), обележано на задната страна со стрелка кој дел е нагоре, да биде соодветно урамено, доколку не е урамено да биде искаширано/залепено на картон со соодветен механизам за закачување на ѕид,  заедно со плик во прилог  во кој ќе ги има податоците за авторот (посебно копија од документ за лична идентификација, кој по завршување на конкурсот ќе биде уништен согласно Законот за заштита на личните податоци, контакт телефон и меил адреса) и делото (опис на делото , но не повеќе д 150 зборови), а на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, во средината да биде назначена точната адреса на примачот.

Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот.

Адресата на која треба да се достават авторските дела е:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија бр.38,  (Палата „Панко Брашнаров“) 1000 Скопје

Со назнака „за Конкурсот Млади уметници “

 Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

Рокот за доставување на делата е 30 дена, сметано од денот на објавување на конкурсот , осносно до 30 септември 2020 година.

..........................................................................................................................................................................................................................

KONKURS PËR ARTISTËT E RINJ 

Agjencia e të Rinjve dhe Sportit shpall konkurs për ekspozitën Young art 2020, me ç ‘rast u bën thirrje të gjithë artistëve të rinj vizualë dhe grupeve t’i dorëzojnë veprat e tyre autoriale. Qëllimi i këtij konkursi është animimi, promovimi dhe stimulimi, duke i shpërblyer artistët e rinj të Maqedonisë së Veriut.

Të gjithë të interesuarit mund të marrin pjesë në dy kategori të moshave: nga 15 deri në 20 dhe nga 21 deri në 29 vjet.

Komisioni do t'i shqyrtojë të gjitha aplikimet e arritura, por për shpërblim do t'i marrë parasysh vetëm veprat që u përmbahen kushteve të konkursit!

Gjatë vendimmarrjes komisioni do të vlerësojë talentin, origjinalitetin, mjeshtërinë e krijimit, përshtatshmërinë e medies së zgjedhur lidhur me idenë dhe përshtypjen e përgjithshme që e le vepra e ekspozuar.

Kushtet për aplikim në këtë konkurs sipas kategorive:

  1. PIKTURË

Vepra nuk duhet të jetë më e madhe se 200x200 cm,

  1. SKULPTURË

Skulpturat ose veprat nga disiplinat e tjera artistike të shprehura në hapësirë (tredimensionale) të gatshme për ekspozitë, pa kufizime në aspektin e dimensioneve, materialeve ose teknikës së krijimit, nëse vepra ka pjesë tekstuale, ajo duhet të dorëzohet në formë të shtypur, veprat që kërkojnë kushte të posaçme, gjatë ekspozitës kandidati duhet të paraqesë specifikim (parapëlqehet pjesëmarrja e autorit gjatë vendosjes së ekspozitës),    

  1. GRAFIKË

Vepra nuk duhet të jetë më e madhe se 100x70, e krijuar duke përdorur çfarëdolloj teknikash tradicionale të shtypjes, duke përfshirë edhe skriptimin, litografinë, gdhendjen, kolapsin, monotipin, gdhendjen elektrike, gdhendjen në dru, fotopolimerin, etj. Gjurmë digjitale (gjurmë të bëra me shtypje) nuk pranohen. Megjithatë, proceset digjitale mund të përdoren për të shtjelluar gjurmët e shtypura tradicionalisht. Nëse vepra përbëhet nga disa pjesë, artisti është i obliguar me saktësi ta shënojë radhitjen e prezantimit të tyre, si dhe vendosjen e tyre.

  1. DIZAJN GRAFIK (pllakë) 

Vepra nuk duhet të jetë më e vogël se A4 dhe jo më e madhe se 50x70 cm,

  1. FOTOGRAFI

Përveç printimit, fotografia duhet të dërgohet edhe në format digjital JPG me madhësi 2000 piksele @ 72 dpi (gjerësia për fotografi horizontale ose lartësia për fotografi vertikale), dimensioni minimal i printimit 30 cm (gjerësia për fotografi horizontale ose lartësia për fotografi vertikale), në mënyrë obligative të jepet një titull dhe një përshkrim i shkurtër i fotografisë

Veprat duhet të korrespondojnë me praktikat e artit figurativ bashkëkohor, ndërsa përmbajtjet tematike dhe konceptuale janë të hapura dhe kanë të bëjnë me krijimtarinë e fundit individuale të autorëve nga dy vitet e fundit. Veprat duhet të kenë një shkrim të theksuar individual, artistik dhe krijues. 

Ekspozita për të shtatën herë do të realizohet këtë vit, dhe synon të mbështesë dhe stimulojë të rinjtë në prodhimin e artit bashkëkohor, por edhe të japë një pasqyrë të krijimeve  figurative bashkëkohore të brezit të ri të artistëve vizualë.

Agjencia e të Rinjve dhe Sportit i inkurajon të gjithë autorët e rinj dhe grupet e moshave 15 deri në 29 vjet t'i dorëzojnë veprat e tyre në konkursin në fjalë. Secili kandidat merr pjesë me nga një vepër. Ekspozita është selektive, ndërsa juria do të ndajë nga një shpërblim për arritjet artistike për pesë disiplinat, në shumë prej 40,000 denarësh në kategorinë nga 21 deri në 29 vjet, dhe 30,000.00 denarë në kategorinë nga 15 deri në 20 vjet.

Ekspozita Young art 2020  do të vendoset pas përfundimit të konkursit.

Secili autor veprën e tij duhet ta dorëzojë të pajisur në mënyrë përkatëse (pa u parë nënshkrimi i tij, nëse vepra ka nënshkrim në pjesën e përparme, me hollësi, pa u dëmtuar të mbulohet nënshkrimi), të shënuar në anën e pasme me shigjetë se cila pjesë është lartë, në mënyrë përkatëse të jetë e vendosur në korniza, nëse nuk është në korniza, të jetë e ngjitur në karton me një mekanizëm përkatës për t'u varur në mur, së bashku me një zarf në bashkëngjitje në të cilin do të qëndrojnë të dhënat e autorit (kopje të posaçme të dokumentit të identifikimit personal, i cili pas përfundimit të konkursit do të asgjësohet sipas Ligjit të Mbrojtjes së të Dhënave Personale, telefonin e kontaktit dhe e-mail adresën) dhe veprën (përshkrimi i veprës, por jo më shumë se 150 fjalë), ndërsa në këndin e sipërm të majtë duhet të shënohet "mos e hap", në mes të qëndrojë adresa e saktë e pranuesit.  

Pjesa e jashtme e zarfit nuk guxon të përmbajë shënime për dërguesin. Adresa ku duhet të dorëzohen veprat autoriale është:

 

Agjencia e të Rinjve dhe Sportit

Sektori i të Rinjve

Rr. Maqedonia nr. 38,  (Pallati „Panko Braçanov“) 1000 Shkup

Me shënim “Për Konkursin Artistë të Rinj”

Ose personalisht në arkivin e Agjencisë së të Rinjve dhe Sportit

Për informacione shtesë, të interesuarit mund të na drejtohen në e-mailin: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ose Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. çdo ditë pune nga ora 8.30 deri në orën 16.30, ose në hapësirat e Agjencisë së të Rinjve dhe Sportit, Sektorin e të Rinjve.

Afati për dorëzimin e veprave është 30 ditë, llogaritur nga dita e shpalljes së konkursit, respektivisht deri më 30 shtator 2020.

 

                                                                   

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија