Печати

Увид во градежните активности во Општина Кисела Вода

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 12 јуни 2020(петок), директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски заедно со градоначалникот Филип Темелковски направија увид во градежните активности на затворениот пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, и на трим патеката во Општина Кисела Вода.

„Верувам дека за брзо време граѓаните ќе добијат современ, затворен пливачки базен кој ќе ги исполнува сите предуслови. Со овие капитални инвестиции ќе ги подигнеме спортските услови во нашата држава, но и ќе ги мотивираме и стимулираме младите уште од најмала возраст да спортуваат и да ги практикуваат здравите начини на живот" изјави директорот Каевски

Базенот е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени” на Агенција за млади и спорт, кој предвидува изградба на затворени базени во 14 општини, според сите современи стандарди, и e еден од најголемите капитални проекти во спортската инфраструктура.

temelkovski-kaevski

Изградбата на базенот ќе отвори нова можност за младите од оваа општина да градат здрави навики преку рекреативно и професионално практикување на пливањето и останатите водени спортови.

Со проширувањето и целосната реконструкција на трим патеката во должина од повеќе од два километри, можностите за практикување на различни спортови во Кисела Вода дополнително ќе се зголемат, а патеката ќе можат да ја користат сите граѓани за трчање, пешачење и рекреација.

trim pateka