Печати

Увид во градежните активности во Општина Штип

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со градоначланикот на Општина Штип, Благој Бочварски направи увид во градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен и Кошаркарското 3х3 игралиште во Општина Штип.

Изградбата на затворениот пливачки базен, кој е дел од најголемиот капитален проект на АМС во делот на спортската инфраструктура во моментов е во напредна фаза, градежните работи се одвиваат интензивно и ќе биде подготвен за употреба пред предвидениот рок. Пливачкиот базен е можност за младите од Штип да го практикуваат еден од најздравите спортови - пливањето, а со тоа да имаат и еднаква шанса покрај рекреативното пливање, да го изберат овој спорт како своја професионална определба.

 

dk1

 

Баскет игралиштeто ќе бидe комплетно опременo и ќе ги задоволува FIBA стандардите, со светилки со штедлив избор на светлина како и мал спортски семафор. Со поставувањето на игралиштето ќе се зголеми практикувањето на кошарката и како рекреативен спорт, но поради предвидените стандарди кои треба да ги исполнуваат истите ќе може да се користат и за официјални натпревари во Уличен басет (street basket).

Изградбата на овие игралишта според рокот во договорот е 4 месеци, но со моменталното динамично темпо на работа тие ќе бидат на располагање на младите од оваа општина за 2 месеци.

Освен во Општина Штип, кошаркарските игралишта се планирани и во 9 други општини.