Печати

Исплатени средствата за месец април за спортисти и спортски работници

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

ams logo

Денес се исплатени средствата за месец април, во износ на минимална плата од 14.500 денари  за спортистите и спортските работници од првата мерка

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 04.04.2020 година донесе уредба за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортската администрација за време на вонредна состојба. Финансиската поддршка  ја реализира Агенцијата за млади и спорт.

По добиените барања од страна на Националните спортски федерации, стручна комисија во рамки на Агенција за млади и спорт одлучуваше по истите. Листата на сите оние кои се корисници на средства во износ на  минимална плата од 14.500 денари, опфатени со првата од сетот на мерки кои се однесуваат на спортистите и спортските работници, може да ја погледнете следниот линк: 

 Погледнете ОВДЕ.