Печати

Резултати од јавниот повик за финансиска поддршка на проекти на здруженија и фондации

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во врска со Јавениот повик за распределба на средства за финансиска поддршка на проекти од областа на младите, на здруженија на граѓани и фондации, објавен на објавен на 05.02.2020 година, Извештајот за евалуација согласно Јавниот повик од Комисијата за распределба на средствата за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации и Одлуката за распределба на средствата за финансиска поддршка на проекти на проекти од областа на младите, Агенција за млади и спорт ја објавува листата на здруженија на граѓани и фондации на кои се доделени финансиски средства за поддршка на проектите.

Врз основа на член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и 51/2011) а во врска со член 7 од Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите со бр.01-2683/1 од 06.11.2018, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за подршка на проекти од областа на младите бр. 12-291/1 од 29.01.2019 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за подршка на проекти од областа на младите бр. 12-2514/3 од 05.11.2019 година, Националната стратегија за млади (2016-2025), Програмата за работа на Сектор млади за 2020, Извештај од комисија со бр. 12-444/97 од 23.04.2020 година, директорот на Агенцијата за млади и спорт донесе,

О Д Л У К А

за доделување финансиски средства за поддршна на проекти од областа на младите

  1. Се распределуваат финансиски средства во висина од 3.310.000,00 денари  од Буџетот на Република Северна Македонија на Агенцијата за млади и спорт за 2020 година („Сл. Весник на РСМ“ бр. 265/2019), Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите бр.44-2866/1 од 9 април 2020 година објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97 oд 09.04.2020 година) и одобрение за прераспределба на средства со бр. 08-7/104 – 2 од 14.4.2020 година на Министерство за финансии во делот за млади, наменети за поддршка на проекти од областа на мадите, од потпрограма - 30, ставка 463 - трансфер до невладини организации.
  2. Висината на финансиските средства, се доделуваат на следниве Здруженија на граѓани:
      Арх.бр. Име на ГО Назив на проект Исполнува услови бодови Побаран буџет Одобрен буџет
      12- 444/47 Младински образоваен форум Младинска повелба да 96 300.000,00 ден. 275.000,00 ден.
      12-444/11 Македонија Презент - Скопје Нова книжевна младина да 94 736.000,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/65 Здружение Дрита АГВ Гостивар Од нас за нас, сите заедно за локален економски развој на Полошки регион да 94 300.000,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/38 Регионален центар за интеграции Битола Фото - мобил да 93 297.000,00 ден. 200.000,00 ден.
      12-444/62 Озонски свет - Штип Зајакнување на младите преку животни вештини и вештини за вработување да 93 300.000,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/87 Доминиум културно јадро Школски психолог да 92 275.200,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/26 Ајнштајн - Скопје Кажи не на врсничкото насилство да 92 300.000,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/35 Младински културен центар Битола Превземи акција, направи кариера да 90 300.000,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/63 ЕРЦ Соработка Битола Онлајн обуки за младинска поддршка за вработување да 90 300.000,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/95 Кулурно Ехо Скопје Од напуштена фабрика до студентски град да 90 141.405,00 ден. 140.000,00 ден.
      12-444/74 Здружение Лидери за едукација, активиза и развој Не! Насилство да 90 299.900,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/61 Креативни и активни МладАкт-Млади Активисти да 88 294.530,00 ден. 270.000,00 ден.
      12-444/30 Единство на заедниците Младите и ЕУ да 88 265.500,00 ден. 265.000,00 ден.
  1. Оваа одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

Образложение

По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-444/3 од 5.2.2020 година.

 

На огласот пристигнаа 88 апликации од страна на невладините организации.

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт.