Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’
Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’.Спроведувањето на Проектот продолжува во Општина Велес, Кочани, Кичево и Пробиштип со реализација на едукативните работилницикаде се опфаќаат учениците од VII, VIII и IX одделение. Работилниците се реализират од страна на Агенцијата за млади и спорт во соработка со Црвен Крст на Република Северна Македонија.Целта на проектот е подигнување на свеста кај учениците за заштита и превенција од пороците, едукација и информирање на младите луѓе за негативните појави и последици од пороците, подигнување на степенот на знаења и способности на младите за правилно да ги препознаат правите знаци и симптоми на негативните појави (дрога, алкохол, цигари ) и запознавање на младите со корисните и здравите навики и стилови на живеење.
Во рамки на проектот досега беа вклучени околу 12 000 ученици. Агенција за млади и спорт и во натамошниот период ќе продолжи да го спроведува проектот и во останатите општини во Република Северна Македонија.