Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Атлетско уживање на Арена Тоше Проески

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres afm

Викендот што следува нуди посебно задоволство за сите вљубеници во атлетиката и спортот воопшто.

Нашата држава е организатор на Европско првенство-трета лига, на кое се очекува настап на преку 430 натпреварувачи од 14 земји, а настанот на прес конференција го најави директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и претседателот на Атлетска федерација на РСМ Александра Војнеска Зикова.

-Големо задоволство ми претставува да го најавам овој атлетски спектакл, кој претстојниов викенд ќе ја збогати спортската програма во Скопје.

По успешната организација на Европското првенство во планинско трчање, кое минатата година се одржа на Водно, Интернационалната и Европската Атлетска федерација ни доверија организација на уште еден престижен настан- Европски тимски шампионат- 3-та лига, изјави Каевски.

Тој додаде дека покрај нашите атлетичари, меѓу кои се издвојуваат Јован Стојоски, Дрита Ислами и Дарио Ивановски, ќе настапат атлетичари од Албанија, Азербејџан, Ерменија, Босна, Исланд, Молдавија, Црна Гора....

Фаворитот Србија најавува настап на светската атлетска елита, предводена од актуелната Европска шампионка во скок во далечина Ивана Шпановиќ.

-Покана до сите вљубеници во атлетиката и спортот воопшто, на 10-ти и 11-ти да бидат на Арена Тоше Проески, и да дадат свој допринос во она што е главен фокус на Агенцијата за млади и спорт и Атлетската федерација на Македонија, а тое е подигање на Атлетиката на повисоко ниво, додаде Каевски.

Новиот претседател на атлетската федерација Александра Војнеска Зикова потенцираше дека фаворитските репрезентации, Србија и Исланд се најавени во полн состав, во кој влегуваат атлетичари со освоени европски медали, што овозможува атлетски викенд-спектакл во Скопје.

-Ова е настан кој очекуваме да најави нов почеток во атлетиката кај нас, односно можност да ја вратиме атлетиката онаму каде припаѓа- на врвот на спортовите, изјави Војнеска-Зикова.

Таа додаде дека ќе стори максимум во организацискиот дел, со што ќе го оправдаме статусот на рамноправен партнер на Европската атлетска федерација.

На прес конференцијата се обрати и нашиот фаворит на 100, 200 и 400 метри, Јован Стојоски, кој оваа сезона веќе два пати трча под 47 секунди, со што е дел од фаворитите на 400 метри.

-Да ја наполниме арената, изјави Стојоски.

Натпреварите стартуваат во сабота попладне, а влезот е слободен и двата дена.

ams pres atl

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија