Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

СЕМИНАР АНТИ-ДОПИНГ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Покана: СЕМИНАР – Анти-допинг  

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Ве информира дека како дел од активностите за оваа година кои произлегуваат од Програмата за работа на Комисијата за анти-допинг при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, предвидено е одржување семинар на тема – „Допингот во спортот“.

Семинарот е организиран во соработка со Македонскиот олимписки комитет, а ќе се одржи на 08 ноември 2012 година во свечената сала на Град Скопје со почеток во 13.00 часот во времетраење од 2 часа. Присуството е без надомест.

Следствено, ја користиме оваа прилика да упатиме покана до сите повикани лица ангажирани од страна на националните спортски федерации и спортските клубови, вклучително претпријатијата кои го покриваат комерцијалниот делокруг поврзан со продажба на суплементи за спортисти, односно, медицинските лица одговорни за следење на здравствената состојба на спортистите кои настапуваат во рамки на националниот и меѓународниот систем на натпревари (членови на делегациите на националните селекции) и, секако, тренерите вклучени во тренажните процеси, да присуствуваат на семинарот

Теми –

  1. 1.        Допингот во спортот;
  2. 2.       Суплементацијата и допингот;
  3. 3.       Терапевтско ослободување;
  4. 4.       Допинг станици;
  5. 5.       Допинг легислатива.

Предавачи –

д-р Илија Стоилов – Комисија за анти-допинг

д-р Зоран Ханџиски – Комисија за анти-допинг

д-р Сашо Поповски – Македонски олимписки комитет

Ве молиме да го потврите Вашето присуство на семинарот на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Истовремено, Ве информираме дека Комисијата за анти-допинг продолжува со спроведувањето допинг контроли како во рамки на натпреварите од националниот систем на натпревари, така и вон натпреварите. 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија