Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

ЗАПОЧНУВААТ КОНСУЛТАЦИИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zakon mladi

Почнуваат првите консултации за нов Закон за младинско учество и младински политики во Северна Македониja, на кои младите од целата држава ќе имаат можност да го кажат своето мислење и ставови за предлог текстот на Законот.  Во текот на следната недела во Скопје, Струмица и Штип ќе се одржат јавни дебати на кои ќе се дискутира содржината на предлог текстот, како и потенцијални насоки за подобрување на Законот за да одговара на потребите на младите во Северна Македонија.

Дебатите и иницијативата за Законот за младинско учество и младински политики се организирани од работна група која ја сочинуваат претставници од: Пратеничкиот клуб за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Северна Македонија, како и претставници на младинските организации Национален младински совет на Македонија, Коалиција на младински организации СЕГА и подмладоците на БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.

На овие консултативни настани се поканети сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат што значи Закон за младинско учество и младински политики и да го кажат својот став за што ваков документ треба да содржи. На дебатите ќе се обратат пратеници, претставници на институции и претставници на младински организации кои ќе споделат повеќе информации околу процесот на изработка на предлог текстот, неговата содржина и начините на кои младите луѓе можат да го кажат својот став. На настаните ќе следи дискусија на која сите присутни млади ќе можат да ги споделатсвоите ставови и идеи за содржината на Законот.

Распоредот на дебатите кои ќе се одржат следната недела е:

Скопје, 28-ми мај со почеток во 12:00, во Јавна соба,

Струмица, 29-ти мај со почеток во 13:00, во хотел Глигоров, и

Штип, 30-ти мај со почеток во 12:00, на Универзитетот „Гоце Делчев“

Кавадарци, 05-ти јуни од 13.00 до 15.00 часот

Битола, 06-ти јуни,  Хотел Милениум од 13 до 15 часот

Струга, 10-ти јуни, Хотел Дрим од 12 до 14 часот

Тетово,11-ти јуни, Хотел Меркур, од 13.00 до 15.00 часот

Куманово, 12-ти јуни од 12 до 14 часот

Овие настани се дел од серијата јавни дебати кои ќе се одржат во сите плански региони во земјата каде младите ќе можат да ги споделат своите идеи и потреби со работната група за изработка на овој закон. Со овој процес инициран заеднички од пратениците, институциите и младинските организации во Северна Македонија, се надеваме дека ќе се креира добар закон кој ќе го промени животот на младите во земјата на подобро.

Сите одржани средби на работната група, како и текот на целокупниот процес, се поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата како партнер во овој процес има голема улога во непречено одвивање на активностите кои произлегуваат од овој процес и нивно успешно финализирање.

Организаторите ќе бидат достапни за изјави за медиуми непосредно пред почетокот на настаните. Поканети се новинари, сниматели и фоторепортери.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија