Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Соопштение до јавност

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo dijana 1

Агенцијата за млади и спорт (АМС) поради последните настани поврзани со случувањата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ја информира јавноста за следново:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во саботата (16.03.2019 година) на официјална прес-конференција во просториите на институцијата, го изнесе ставот на АМС дека  ФФМ мора да го усогласи Статутот, актите и своето работење со законите на Република Северна Македонија и Собранието на федерацијата да ги верифицира и да обезбеди услови за напречена работа. Каевски, тогаш додаде дека било какво одржување на Собранието спротивно на законот, истото го прави нелегитимно, со што ќе се предизвика сериозни проблеми во развојот на фудбалскиот спорт во нашата земја.

Токму, поради тоа, сакаме јасно, прецизно и недвосмислено да изјавиме дека АМС останува на ставот кој беше изнесен од страна на Каевски токму на таа прес-конференција. Секој друг став изнесен во врска со случувањата околу ФФМ, особено од страна на лицето Гзменд Ристеми, претставува личен став, кој не е во согласност  со ставот на Агенцијата за млади и спорт.

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Агенција за млади и спорт

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија