Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Македонските каратисти на Европско првенство во Данска

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres karate

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод настапот на Македонските каратисти на 46 -то Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое од 8-10 февруари ќе се одржи во Алборг, Данска.

Македонската репрезентација ќе настапи со 29 каратисти во сите категории, а ќе ги одмери силите во конкуренција на 1092 каратисти од 51 држава.

На пресот свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, како и членовите на стручниот штаб на македонската карате репрезентација.

-Карате федерацијата на Македонија по традиција во последните неколку години остварува врвни резултати на речиси секој настап на меѓународен план.

 Со последниот освоен медал во Сочи,  Фахик Весели стана европски вицешампион и заслужено ја понесе титулата најдобар млад спортист на Македонија за 2018 година, истакна Каевски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на своите патеки, во насока на поддршка на спортистите и Националните спортски федерации, особено кога станува збор за федерации кои веќе подолг временски период важат за најдобро организирани, а тука секако влегува Карате федерација на Македонија.

Радува податокот за зголемениот интерес и  масивноста на млади кои се занимаваат со карате, но и големиот број на каратисти кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, и го оправдува пет-децениското постоење на каратето во Македонија.

Каевски им посака на сите репрезентативци успешен настап, спортска среќа, фер борби и ги очекувам по настапот на Европското првенство со што поуспешни остварувања.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија