70 години Спортска Стрелачка Федерација
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за Претседателот на Македонско спортска стрелачка федерација Владимир Пандовски, по повод 70 години постоење на федерацијата.На средбата беа анализирани активностите низ годиниви, но и плановите на федерацијата за следниот период.
Пандовски се заблагодари со плакета во знак на признание за посебен придонес во развојот и унапредувањето на спортското стрелаштво во Република Македонија.