Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

АМС годинава инвестира 6,5 милиони денари во училишните спортови

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денеска(17.10.2012), во салата на Кошаркарскиот клуб Работнички, со ревијалниот кошаркарски  ALL-STAR натпревар меѓу екипата составена од ученици од средните стручни училишта од Скопје и екипата од гимназиите од Скопје, официјално беше означен почетокот на средноучилишните лиги на Град Скопје за учебната 2012/2012 година. На официјалното отворање присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски заедно со градоначалникот на Град Скопје, г-нот Коце Трајановски под чија надлежност потпаѓаат средните училишта во главниот град.

Во оваа учебна година во системот на натпревари на средноучилишните лиги во Скопје, учество ќе земат 180 екипи составени од околу 5.000 ученици од 28 училишта, а ќе се одиграат околу 900 натпревари. Ќе бидат организирани девет лиги кои ќе траат во текот на целата година, а натпреварите ќе се играат во машка и женска конкуренција. Оваа година, натпреварите ќе бидат во ракомет, кошарка, футсал, одбојка и куглање како екипни сопортови, а додека пак, како индивидуални ќе бидат опфатени атлетиката, бадминтонот, пинг-понгот, каратето, борењето, тенисот и пливањето.

За таа цел, Агенцијата за млади и спорт информира дека преку Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија ќе продолжи со финансирање на училишниот спорт. За 2012 година, од страна на Агенцијата за млади и спорт се издвоени 6,5 милиони денари за финансирање на училишните спортови.

Според информациите на Агенцијата за млади и спорт, само 10 отсто од учениците се вклучени во спортот, и затоа во следниот период ќе се работи на зголемување на оваа бројка на 30 отсто како што е предвидено според европските стандарди.

За да се зголеми на бројот на основци и средношколци кои ќе бидат вклучени во спортот, Агенцијата за млади и спорт, апелира до бизнис секторот за негово активно вклучување во финансирањето на училишниот спорт со цел да се добијат здрави идни генерации.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија