Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Нова мерка за поддршка во спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sedba nsf

Агенцијата за млади и спорт, согласно својата Програма за работа во 2018 година и Заклучокот од одржаната средба на 27.09.2018 година на премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев со претставниците на националните спортски федерации посветена на подобрување на квалитетот на финансирање на спортот во Република Македонија, одржа средба со претседателите и генералните секретари на националните спортски федерации. На работниот состанок се разговараше на повеќе теми меѓу кои: информирање за Резолуцијата од Тбилиси 2018 за засилена борба против корупцијата во спортот, како и обврските на федерациите во однос на користените средства од Буџетот на Република Македонија во 2018 година. Главен акцент беше ставен на новиот проект на Владата на Република Македонија насочен кон новиот начин на финансирање во спортот насловен “Спортски ваучер” . На таа тема беше водена расправа по Предлог – критериуми за користење на Ваучер во спортот, како дополнителен извор за финансирање на спортот во Република Македонија во 2019 година. Работниот состанок го водеше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на раководителот на сектор спорт, Др-сци Томислав Андоновски, како и советниците на премиерот Заев, Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев. Расправата беше интерактивна, со учество и прибирање на искуства и мислења од претставниците на Националните спортски федерации, особено во делот на новиот начин на финансирање во спортот- Спортски ваучер. Донесена беа заклучоци врз основа на предложените искуства и предлози, и истовремено е закажана нова средба за втората половина на Ноември.                             

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија